1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

СДСМ очекува смена на Јанкулоска

Во македонскиот парламент е во тек седница на која на дневен ред се пратенички прашања. Очекувано доминантна тема во досегашниот тек од седницата е убиството на петтемина крај Скопје.

“Дали после се’ што се случи ќе ја смените Гордана Јанкуловска? Ова прашање на премиерот Никола Груевски му го постави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Игор Ивановски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања. Опозицијата побара од премиерот одговор за бесбедносната состојба во земјата.

“Нема да ја сменам Јанкуловска и немам намера да дозволам во Македонија да се врати времето кога цветаше криминалот“, одговори Груевски.

Ивановски не беше задоволен од одговорот.

“Како можевте за 20 минути да отидете во Св. Димитрија за да ги гледате фреските, а не можевте за 7 дена да отидете во Радишани каде што ве бараат

Gordana Jankulovska Innenministerin Mazedoniens

Гордана Јанкулоска

граѓаните?“, праша Ивановски.

Премиерот Груевски во своето излагање им изрази сочувство на семејствата кои загубија некој близок кај езерото во близина на селото Смиљковци.

„Нема зборови кои можат да ја ублажат нивната болка, но работата на институциите е да ги најдат сторителите. МВР со сите сили и капацитет работи на расветлување на овој случај. Вчера разговарав со одговорните лица и можам да кажам дека никогаш досега не сум видел таква висока мотивираност за да се најде сторителот и да се изнесе пред судот. Верувам дека овие луѓе ќе ги најдат сторителите“, изјави Груевски.

Груевски: СДСМ ја злоупотребува ситуацијата

Според него опозициската СДСМ ја злоупотребува ситуацијата. Иако се слушаат убави зборови, нивни високи функционери учествуваат во протестите, го опструираат Собранието и прават обид за дискредитација на МВР кога сите сили се целосно посветени на расветлување на овој чин, оцени Груевски. На опозиционерите им порача дека актуелната структура на МВР со сите нејзини слабости и пропусти е неспоредливо попрофесионална од службите на кои СДСМ им даде доверба кога беа на власт.

Mazedonien Ministerpräsident Nikola Gruevski

Никола Груевски

„Вие ги критикувате акциите во кои се апсат криминалци како на пример „Детонатор“, а ги осудивте и оние пред неа. Граѓаните не можат да се сетат на една акција против криминалот кога вие бевте на власт. Власта тогаш го толерираше и соработуваше со криминалот. Во еден таков контекст смешно е кога слушаме дека го критикувате МВР затоа што разби една криминална банда и ја изнесе пред судот, кој веќе започна постапка“ рече Груевски.

Опозиционерите возвратија дека не може безбедносната состојба во земјата да зависи од фотелјата на Јанкулоска. Критикуваа дека премиерот по кој знае кој пат се ставил во заштита на Јанкулоска и целата одговорност за случувањата во Македонија ја презема врз себе.