1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

СДСМ откри нова афера на релација Влада- медиуми

Портпаролот на опозициските социјалдемократи, Шилегов денеска на прес-конференција покажа потврди за уплати извршени од страна на владата на сметката на телевизија Сител.

„Градски стадион бб е седиштето на Метастаза бб на Никола Груевски и неговата влада. Актуелната власт купува уредници, а еве како Никола Груевски купува цели медиуми“, истакна во понеделникот портпаролот на опозициската СДСМ, Петре Шилегов. Тој на прес-конференција посочи дека Владата на 1-ви март 2013 година на телевизијата Сител преку четири уплатници ѝ исплатила 360 илјади евра.

„Ова се само четири уплатници за легнати пари на сметка на телевизија Сител. Во само еден ден. На 23 дена пред локалните избори. Тоа е вкупна сума од 22 милиони денари! 360.000 евра пари од Буџетот, испратени од Илинденска бб на адреса на Градски стадион бб“, истакна Шилегов кој праша дали Владата „со парите на народот плаќа“ за ВМРО – ДПМНЕ?

Од СДСМ упатија прашање до премиерот Никола Груевски колку пари месечно Владата ѝ дава на телевизија Сител за реклами против опозицијата,.ако само за еден ден Сител добива 360 илјади евра. Од Владата и од телевизија Сител засега нема коментар на обвинувањата.

Од СДСМ претходно ја открија и аферата со фирмата на заменик-главната уредничка на Сител, Ивона Талевска која добивала тендери за набавки на медицинска опрема од Министерството за здравство во вредност од околу 1. милион евра.

Поврзана содржина