1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

СДСМ: Без политички договор, останува одлуката за бојкот

СДСМ во врска со денешната посета на еврокомесарот Штефан Филе го поздравува интересот што меѓународниот фактор го покажува за настаните во Македонија и смета дека тоа е добро за земјата.

Потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со денешната посета на еврокомесарот Шефан Филe, рече дека лидерот на партијата Бранко Црвенковски ќе има средба со Филе, а за се она што ќе произлезе од сите средби очекуваат канцеларијата на Европската комисија да ја извести јавноста.

Тој повтори дека доколку не дојде до политички договор за излез кризата, СДСМ и Сојузот за иднината јасно го искажаа својот став, дека ќе одат на активен бојкот на локалните избори.

За предлогот од власта, рече дека тоа е апсолутно несериозно и потенцира дека нивната политичка подготвеност за дијалог ја искажале многу одамна и преку нивните позици околу нивните барања. Сега, смета, е крајниот момент премиерот да размисли и во интерес на два милиони луѓе и нивната иднина да донесе одлука која ќе биде во интерес на граѓаните и практично, со еден збор, да надвладее разумот во оваа ситуација.

Опозицијата денеска протестираше пред Министерството за финансии. Јовановски истакна дека се‘ она што се случи на 24 декември се случи за пари и побара да се престане со задолжување и со непродуктивно трошење.