1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

СДСМ бара суштински преговори за името

Бранко Црвенковски, претседател на опозициската СДСМ денеска говореше за актуелните политички прашања. Меѓу другото истакна дека СДСМ поддржува решение за името, што нема да им наштети на националните интереси.

default

Бранко Црвенковски

СДСМ бара од Владата да влезе во суштински преговори за името и да се ангажира повеќе и попосветено во исполнувањето на обврските за добивање датум за преговори. За опозициската партија се неприфатливи идеите за Влада на широка коалиција. СДСМ смета дека Премиерот Никола Груевски треба да ја прифати целокупната одговорност за решавање на тешките состојби во државата. Ова се главните ставови на претседателот на опозицскиот СДСМ, Бранко Црвенковски кој се огласи на прес-конференција, по зачестените критики во јавноста дека е многу пасивен по враќањето на чело на партијата.

Во однос на прашањето за името СДСМ останува на позицијата дека е потребно решение што нема да биде на штета на националните интереси на државата.

Изминува четвртата година откако Македонија се стекна со кандидатскиот статус, а не успева да добие датум за преговори за членство, ја критикуваше Црвенковски владата. Тој ја поздрави одлуката за визна либерализација, но, предупреди дека е многу поважно прашањето, не во кои земји ќе можат да патуваат македонските граѓани, туку во каква земја ќе живеат.

За СДСМ се несоодветни и неприфатливи идеите за широка коалиција во услови кога владата има стабилно двотретинско парламентарно мнозинство, што е доволно за менување на суштински закони па дури и на самиот устав. Црвенковски најави дека до средината на септември новата програма на СДСМ ќе биде готова, партиските редови ќе бидат консолидирани и опозицијата ќе може поактивно да се вклучи во политичкиот живот на земјата.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Александра Трајковска