1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

СДСМ бара консензус, Груевски дециден: избори ќе има

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска најави дека и покрај блефовите на опозицискиот лидер Бранко Црвенковски избори ќе има. СДСМ пак порача дека владејачката ВМРО- ДПМНЕ се плаши од фер и слободни избори.

default

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска оцени дека оставката на претседателот на Државната изборна комисија Александар Новаковски била поднесена под притисок, кој доаѓал директно од лидерот на опозицискиот СДСМ Бранко Црвенковски. „Но, тоа нема многу да ја промени ситуацијата“, порача Груевски и додаде дека „Црвенковски можеби купил 15-20 дена со изнудување на оставката на претседателот на ДИК. Нема да исклучам во наредните денови да се случи и другиот член на СДСМ во ДИК да подлегне на притисоците на Бранко Црвенковски“, посочи премиерот Груевски, одговарајќи на новинарски прашања по доделувањето стипендии на студенти по информатика. На крајот тој му порача на лидерот на опозицијата дека со тоа нема да добие ништо и оти власта ќе остане на намерата да се спроведат предвремени избори.

Wahlen Mazedonien

Никола Груевски

СДСМ бара консензус пред избори

Потпретседателот на опозиционата СДСМ , Гордан Георгиев пак денеска порача дека е неопходно постигнување консензус меѓу власта и опозицијата пред распишување на изборите, како и исполнување на барањата за фер и слободни избори Одолговлекувањето и неприфаќањето на легитимноста на барањата на опозицијата, рече Георгиев, се доказ за двојниот аршин на премиерот Никола

Груевски и владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Според попретседателот на СДСМ, тоа се должи на стравот кај власта од фер и слободни предвремени избори. Георгиев уште истакна дека се попусти потези на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за организирање координативна средба зашто нема елементарни услови за тоа . На прашањето, што ќе се случи доколку власта сама постави претседател на ДИК, Георгиев рече дека власта не смее да се дрзне и да си најде свој претседател, бидејќи таквите избори нема да бидат фер и слободни.

Branko Crvenkovski ist der neue Parteichef von der Partei SDSM

Бранко Црвенковски

Шлумберже предупредува изборите да не ги загрозат реформите

Францускиот амбасадор во Македонија, Жан Клод Шлумберже, во интервју за Радио Слободна Европа, порача евентуалните предвремени избори да не предизвикаат негативни ефекти во однос на реформите, односно патот кон Европската унија, и да немаат последици во однос на преговорите за името. „Ако се одржат избори, тие треба да бидат слободни, чесни и според широко познати критериуми. Тука навистина имам доверба во сите политички партии, дека навистина ќе изградат еден таков систем што сите ќе го прифатат“, рече амбасадорот Шлумберже. Во однос на преговорите за името со Грција, за жал, според него, нема напредок.

Автор: СН/ГЧ/миа/макфакс/се

Редактор: Симе Недевски