1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

СДСМ бара Влада од доверба

СДСМ оддржа поширена седница на Централниот одбор на партијата, на која се разгледуваа условите под кои партијата би учествувала на локалните избори во март.

Според македонските медиуми партијата нема да бара формирање техничка влада, но еден од условите под кои СДСМ е подготвена да излезе на избори е за први луѓе на министерствата за внатрешни, финансии и министерството за правда, да се постават луѓе прифатливи за опозицијата и за власта. Исто така ќе се бара за директор на МРТВ да се постави лице кое ќе ја има довербата од сите и власта и опозицијата.

Branko Crvenkovski, SDSM Parteichef, Skopje, Mazedonien

Бранко Црвенковски

Лидерот Бранко Црвенковски наводно бара и доследна примена на препораките од ОБСЕ/ОДИХР во изборната регулатива, целосно прочистување на избирачкиот список, како и засилен меѓународен мониторинг.

Претходно, високи функционери на СДСМ, преку прес конференции и интервјуа за медиумите, изнесоа различни ставови околу можната разврска на политичката криза која настана по донесувањето на Буџетот за 2013. во тензична атмосфера.

Потпретседателот Гордан Георигев рече дека формирање на техничка влада би бил единствениот пат, преку кој СДСМ би се појавиле на локалните избори. За разлика од него, потпретседателот Зоран Заев, во интервју за „Утрински весник“ потенцираше дека имплементација на препораките на ОБСЕ и ОДИХР во изборанта регулатива би било доволно за СДСМ да излезе на соочување со граѓаните.