1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Св. Кирил и Методиј на словачко евро

Светите Кирил и Методиј ќе се најдат на пригодна словачка монетата од две евра, на која ќе имаат ореоли над главите. Грција и Франција се спротивставиле на таквиот изглед на монетата, поради верските обележја.

default

Советот на Народната банка на Словачка (СНБ) под притисок на јавноста одлучи, и покрај противењето на ЕУ, на комеморативната монета од две евра, ликовите на Св. Кирил и Методиј да имаат ореоли над главите, објавија словачките и чешките медиуми.

Монетата по повод 1.150 годишнината од доаѓањето на словенските просветители во Велика Моравија, СНБ планира да ја пушти во употреба во мај 2013 година, јави македонската агенција МИА.

Претходно, под притисок на некои земји-членки на ЕУ, меѓу кои се споменуваат Грција и Франција било одлучено на монетата да нема никакви верски симболи, крстови и ореоли. Против ова протестираше Конференцијата на бискупи на Словачка (КБС).

„Тоа е непочитување на сопствената историја“, изјави портпаролот на КБС Јозеф Ковачик. На повик од царот Ростислав во 863 година, сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј пристигнале во Моравија каде ја ширеле православната вера, ги превеле библиските и литургиските текстови и ги приспособиле на словенското писмо.