1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Свински грип - природата го враќа ударот!

Свинскиот грип се шири насекаде во светот, затоа Светската здравствена организација прогласи пандемија. Во Германија се потврдени нови случаи на заболени. Опасноста од зараза расте оти живееме во глобално село.

default

Во јапонското училиште во Диселдорф досега се откриени 46 случаи на ученици, како и тројца родители, заболени од свинскиот грип. Но, тоа веројатно не е и крајна бројка - во две лаборатории во градот се анализираат повеќе стотици земени проби од сите лица, за кои можело да биде утврдено дека имале контакт со заболените ученици. Училиштето, во кое учат 560 ученици, останува затворено до 20 јуни. Учениците, главно од шесто одделение, веројатно се заразиле за време на екскурзија. Втор извор на зараза е едно момче по неодамнешниот одмор со родителите во Малта.

Schweinegrippe Schüler tragen Masken in Hong Kong

Заболени и ученици во Келн, прв случај и во Бундесверот

Во една гимназија во Келн, денеска (12.06.2009) се потврдени четири нови случаи на заболени ученици, откако вчера беше јавено за првите четири заболени. Наставата е прекината, гимназијата треба да остане затворена до наредната среда. Во меѓувреме е потврден и првиот случај во редовите на Бундесверот. Еден 36-годишен офицер, посетител на Академијата за командни кадри од Хамбург, веројатно се заразил за време на престој на САД во рамките на обуката.

Засега, сите заболени релативно лесно излегуваат на крај со симптомите на болеста. „Вирусот лесно се пренесува“ вели Дитер Хојзингер, професор по медицина од Диселдорф, и ги советува граѓаните да преземаат грижливи хигиенски мерки. Комбинација од изолација на заболените и побрз третман би била многу разумна, вели експертот за инфектологија.

За проблемите и самите придонесуваме

Öko 1 Kuh

Прекумерна употреба на антибиотици во сточарството ги прави неефикаси во лекувањето

Природата го враќа ударот, вели имунологот професор Штефан Кауфман. „Голем проблем е речиси неодговорната употреба на антибиотици во сточарството - не само за третман на болести, туку и како средство за јакнење, оти гоењето на стоката оди подобро ако во храната се додава антибиотик. Веќе со години знаеме дека класичните лекови против грип веќе не дејствуваат токму поради неконтролирано големата примена на антибиотиците во сточарството.“ Опасноста од зараза, генерално, расте поради тоа што живееме во глобално село и веќе не можеме едноставно да се изолираме“, нагласува професор Кауфман.

Производството на вакцина може да започне

Erster Impfstoff gegen Krebs in Australien getestet

Сојузниот министер за здравство Ула Шмит искажа загриженост поради можноста наесен да се состанат свинскиот и обичниот грип, од што би можела да настане мутација. Таа искажа надеж дека дотогаш ќе започне производство на вакцина. Стручњаци од институтот „Паул Ерлих“, пак, сметат дека со производство на вакцина против свински грип може да се започне веднаш. Во тек се студии околу степенот на подносливост на новото средство за заштита. Во Германија вакцина против грип се произведува во две фирми, во Марбург и Дрезден.

ЗЈ/ дпа/афп/ Тина Жојо

Редактор: Жана Ацеска