1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Свештениците и новинарите треба да се лустрираат?

Во Македонија и натаму се кршат копјата околу прашањето: кого се’ треба да опфати процесот на лустрација? Експертите ангажирани од претседателот на парламентот ја оспоруваат одлуката на Уставниот суд.

default

По одлуката на Уставниот суд, лустрацијата да важи само до 1991 година, експертите кои ги ангажираше собранискиот спикер Трајко Вељановски, ја оспоруваат ваквата одлука, а истовремено бараат таа да се прошири и на сите делови од општеството, вклучително и за свештениците и новинарите. И дел од политичарите се согласуваат со ваквите ставови. Новинарската фела нема ништо против и таа да биде вклучена во процесот. Разврската се очекува за еден месец.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска