1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Свештеник како имитатор на Елвис Присли

За него има две животни страсти: Господ и Кралот. Германскиот католички свештеник Норберт Финк одлично се снаоѓа и како двојник на кралот на рокенролот Елвис Присли (насловна фотографија).

Мантија од една, рокенрол фризура од друга страна. Веќе 10 години свештеникот Норберт Финк повремено настапува и како имитатор на Елвис Присли. Овој 37 годишник вообичаено ги проповеда 10-те заповеди. Тој е пастор во католичката цркoвна заедница Свети Францискo во Гумерсбах.
„Мислам дека тоа оди едно со друго. Од забавувачите можеме многу да научиме, бидејќи свештеникот е тука за да воспостави контакт меѓу луѓето но и меѓу Бог и луѓето. Забавувачот исто така мора да воспостави контакт меѓу себе и публиката и на тој пат на луѓето да им понуди нешто добро.“, вели Финк.

Утрината венчава, вечерта ги забавува гостите

Тој во својата куќа во прв план истакнува две страсти: Господ и Кралот. Во изминатите децении собрал над 40 грамофонски плочи и различни сувенири и фотографии. Со родителите често разговара за својот идол и местата кои го потсетуваат на него.
Неговите родители го толерираат хобито на својот син, но понекогаш искажуваат и скепса.


„Тоа всушност ми се допаѓа. Меѓутоа, понекогаш се грижам дали се грижи повеќе за своето хоби отколку за основната работа.“, вели таткото Андреас Финк.
И црковната музика му причинува задоволство на Норберт Финк: „Мислам дека тоа ми е во крвта. Не можам поинаку. Ако слушнам музика и уште ако е таа ритмична, веднаш морам да се движам во ритамот на таа музика. Сеедно, дали сум дома, на богослужба или на некое друго место.“
Норберт утрината ги венчаваше младенците, а вечерта на свадбата игра за гостите.
„Мислам дека е добро што воопшто го прави тоа. Мислам дека нема секој храброст да настапи пред публика. Значи, сметам дека е супер.“, вели невестата
Поп ѕвезда во служба на Бога. Тоа само Бог го знае. Во секој случај, свештеник за сите пригоди.