1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Свечено отворање на Светскиот ден на младите католици

На шареноликата церемонија на отворање на Светскиот ден на младите на Католичката црква во Рио де Женеиро, учесниците ги поздрави папата Франциско.

Папата Франциско вчера ја посети плажата Копакабана во Рио де Женеиро, каде го дочекаа речиси еден милион верници, заедно да го прослават отворањето на 28. Светски ден на младите католици. По слетувањето со хеликоптер, папата половина час во отворено возило се возеше речиси 4 километри по должина на прочуената плажа Копакабана, поздравувајќи ги верниците.

И покрај лошите временски услови и дождот, папата им се обрати на младите, притоа нагласувајќи оти покажале дека нивната вера е појака од се', па така и од лошото време. Тој ги повика младите католици Исус Христос да го постават во средиштето на своите животи, да ја обноват вербата и верата да им стане компас.

Папата Франциско вчера ја посети фавелата Варгиња во Рио де Женеиро каде се сретна со жителите на сиромашната населба и го освети олтарот во локалната црква.