1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Светското фудбалско првенство е осигурано кај “Хамбург-Манхајмер“

ФИФА смета дека осигурителната компанија Хамбург-Манхајмер, со своите 25 илјади вработени и 4,2 милијарди евра обрт е доволно силна за да може да стави на располагање осигирување во висина од трицифрен милионски износ.

default

Пехари до каде што стигнува погледот. Сребрено сјајни или од злато, огромни или во минијатурна форма. Кога ќе се влезе во холот на осигурувањето Хамбург-Манхајмер, човек добива впечаток дека се влегува во музеј на трофеи. Притоа во централата на претпријатието во северниот дел на Хамбург се сака само да се покаже колку успешни се сопствените спортски екипи, екипите на фирмата. Во средиштето на сиот тој сјај на посетителот му се смее познато лице – тоа е господинот Кајзер, најпознатиот претставник на осигурителни компании во Германија. Тој може да се види во многу телевизиски реклами. Овде го има само од хартија. Од крв и месо е Себастијан Конрад, проект-координатор во Хамбург-Манхајмер и одговорен за Светското првенство 2006-та. Осигурителната компанија и порано била надлежна за спортски манифестации. Но, овојпат е различно, вели Конрад: “Веќе не е можно да се прават споредби, зашто ризиците се екстремно променети. Денеска говориме за некакви банди кои снимаат без овластувања, за некакви сателити кои е можно да паднат од небо.“

Хамбург-Манхајмер осигурувањето има искуство со спортот. УЕФА кај него ја осигура Лигата на шампиони, екипите од Бундеслигата овде ги осигуруваат своите играчи, а и професионалците сами честопати имаат полиси кај Хамбург – Манхајмер: “Не се осигурува самиот играч, туку само дел од него. На пример нозете на Фиго, рацете на Фиго или неговото тело. Играчите се делат како коцки. “

На Светското првенство нема да бидат осигурани само играчите и функционерите, туку и гледачите. Секоја влезница содржи и заштитни права и осигурување во случај на несреќа.

“Постојано има ризици кои не можат да се предвидат. Ако размислиме - некој може да падне по скали и да се дојде до заклучок дека проблемот не е до тоа дека не можел да стои, туку дека е до скалите. Во такви случаи мора да има осигурување.“

Со ФИФА е преговарано до детал. Конрад знае дека на еден турнир може да се случат многу непредвидливи настани. Што би се случило, на пример, ако по финалето, објектот што се посакува одеднаш не е тука?

“Осигуран е и пехарот, и тоа поради добри причини – затоа што првиот пехар исчезна – тој е украден. ФИФА извлече поука од тоа.“

Најголеми ризици се сепак непредвидливи катастрофи како пад на авион врз некој стадион или прекин на светското првенство. Само износот во случај на прекин на првенството или негово неодржување е 158 милиони евра.

Сепак, осигурителните агенти сакаат прво да се занимаваат со позитивните нешта. Неделите на вистина, за Конрад и Хамбург-Манхајмер почнуваат дури со првиот свиреж на судијата на отворањето на првиот фудбалски натпревар од првенството, на деветти јуни во Минхен. Конрад и неговите колеги ќе бидат зафатени нон-стоп, сеедно дали Роналдињо можеби ќе се жали на штетите во хотелот или Бекенбауер ќе го загуби својот лаптоп, или, пак, некој послушен пензионер ќе биде вовлечен во некаква тепачка. Секаде мора да има агент на осигурувањето.