1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Светското стопанство во опасност

ММФ ја корегираше прогонозата за пораст. Фондот смета дека е можна нова рецесија во еврозоната и САД, ако Европејците и Американците не ја стават кризата под контрола.

default

ММФ

Експертите на Меѓународниот монетарен фонд немаат добри вести. Порастот ќе опаѓа и тоа во цел свет. Главниот економ на ММФ, Оливер Бланшард, предупредува од нова криза . „Светската економија западна во опасна нова фаза. Опоравувањето значително опадна. Сега се потребни мерки кои ќе ги подобрат изгледите и ќе ги намалат ризиците.“

Особено порастот во еврозоната ќе забави идната година, смета ММФ. Досега повеќепати беше корегирана прогнозата за 2012 година.

Минатата пролет се предвидуваше благ пораст на 1,8 проценти. Во јуни експертите повторно прогнозираа нешто помал пораст. Сега прогнозираат драстичен пад на порастот на стопанството идната година и тоа на само 1,1 процент.

ММФ ги правда лошите прогнози, покрај другото, со стравувањето од банкрот на Грција и последиците за другите европски земји, особено за оние од еврозоната.

Автор: Бенјамин Ајсел/ Александра Трајковска