1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Светското првенство и’ донесе нова самосвест на Африка

Светското првенство во Јужноафриканската Република му даде нов имиџ на „црниот континент“ - и тоа не само во очите на остатокот од светот. Големиот настан и на граѓаните на Африка им донесе нова самосвест и нови надежи.

default

Африка танцуваше, се радуваше и се препороди со Светското фудбалско првенство 2010

„Светското првенство е огромна шанса за подобрување на имиџот на нашиот сакан континент“, вели Џозеф Дула од Камерун и со тоа го изразува мислењето на голем број Африканци.

Никогаш порано некое Светско првенство во фудбал немало толкава општествена тежина. Поранешниот претседател на Јужноафриканската Република, Табо Мбеки, дури оцени дека станува збор за почеток на нова ера во историјата на „црниот континент“. Ова првенство е и ќе биде уште долги години момент на кој граѓаните на Африка со гордост ќе се сеќаваат, кој ќе им биде симбол за надминување на вековната сиромаштија и безбројните воени конфликти. „Овој настан го заживеа целиот континент. Ова е судбински знак за сите нас!“, вели Алах Анисет, заменик-претседателот на Фудбалскиот сојуз на Брегот на слоновата коска и додава:

Thabo Mbeki

Поранешниот претседател на Јужноафриканската Република, Табо Мбеки

„Спортот по дефиниција овозможува зближување на народите и тоа на многу неполитички начин. Сега спортот не’ сплоти нас Африканците, сите зборуваат за Африкански обединети држави, за Африканска унија.“

Сите за еден...

Така, екипата на Гана, која стигна најдалеку во шампионатот, ја доби поддршката на целиот континент, на сите нации. Весникот „Дејли сан“, што излегува во Јужноафриканската Република, на денот кога Гана играше во четвртфиналето излезе со наслов: „Надежите и соништата на Африка почиваат врз блек-старс од Гана!“ Диего Форлан, еден од најдобрите играчи на противникот на Гана, Уругвај, добро ја сфати ситуацијата кога изјави дека тој и неговиот тим ќе треба да играат против цела Африка. Чарлс Аду, аптекар од Абиџан во Брегот на слоновата коска изјави: „Во тешки ситуации Африканците манифестираат солидарност. Кога видовме дека Гана отишла напред, а другите екипи отпаднаа, тогаш моравме сите да ги здружиме силите за Гана, за таа да стане првата земја која ја претставува Африка во полуфиналето на едно Светско првенство во фудбал.“

Ново чувство

Гана доживеа пораз против Уругвај на пенали и со тоа од натамошниот тек на турнирот испадна и последниот

Fußball WM 2010 Weltmeisterschaft Ghana

Целиот континент за Гана

африкански тим. Наспроти тоа, ова првенство во фудбал му даде нова слика на целиот континент. Наместо постојани политички, воени и економски кризи, континентот се покажа среден, добро организиран и солидарен. Наспроти бројните сомнежи во светската јавност стадионите, сепак, беа готови на време, јавниот сообраќај добро функционираше, дојдоа многубројни туристи од целиот свет.

Африка им покажа на критичарите и противниците што може, порачува Абдулразак Абдулкарим од Гана: „Прво бев многу среќен што Светското првенство и’ беше доделено на една африканска земја. Сите се прашуваа дали ќе успееме да го организираме како што треба. Многу се радувам што го уверивме светот дека сме способни за такво нешто. Ова беше еден од најуспешните турнири во целата историја.“

Од ваквата новостекната самодоверба милиони Африканци ќе живеат уште долго по стивнувањето на последните вувузели!

Автори: Штефани Дукштајн и Адријан Криш/ Горан Чутаноски

Редактор: Александра Трајковска