1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Светски ден на театарот

27 март е светски ден на театарот. Се одбележува веќе 46 години со решение на Меѓународниот театарски институт. Можност да се фрли поглед како се развива театарот во сопствениот дом.

Иако германскиот театарски пејсаж во последниве години е под голем економски притисок, оперите, драмите и танцувачките театри се уште се помагани со околу 2 милијради евра. Токму тој притисок, театрите го искористија за внатрешни промени што придонесе за пораст на неговото општествено значење. Она што директорот на магдебуршкиот театар Тобијас Велемајер го формулира за својата куќа, би можело да важи и за другите:

“Од почетокот направивме обид градскиот театар да го трансформираме како место за комуникации и социјален живот. Тоа значи дека сме отворени до раните утрински часови, многу се празнува и танцува, а сепак останува место за дискурси и размени. Значи, ние се обидовме и себе да се претставиме како луѓе што трагаат, како дискурс кој е заинтересиран за занаетот, со што обезбедивме и доверба од публиката. Тоа често и нема врска со уметноста, туку во најширока смисла со организација и контакти, како понуда од и за животот“.

Оној што денес бара содржински или стилистички трендови во германскиот театар, нема да открие јаснотија, туку пред се голема многустраност. Се користат сите различни форми во потрагата по општествената реалност во глобализираниот свет. Вилфрид Шулц е директор на театарот во Дрезден:

“Кога станува збор за темите, тогаш е битно на луѓето веродостојно да им се пренесе чувство дека нешто се кажува за нив со покана да се внесат во таквиот дискурс. Јас многу верувам во театарот чиј најважен именител е пробањето да се оди натаму, дури и радикално во некоја насока, што пак следниот пат може да изгледа сосема поинаку. Разбирањето дека театарот секогаш е експеримент е исклучително важно“.

Во моментов германскиот театар во секој случај го одбележува тоа што служи за размилсување и објаснување: како гротеска или забава: истовремено да има смисла и да трага по смислата.

Поврзана содржина