1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Светски ден на образованието

Во април 2000-дитата година претставници на 164 влади во Дакар постигнаа согласност дека во принцип и образованието е човеково право: образование за сите.

default

Беа договорени шест цели: подобро претшколско образование, квалитативно задоволително основно образование за сите деца, образовни понуди за младите и возрасните, до 2015 година зголемување на писменоста за возвразните за 50 проценти, укинување на пречките за девојчињата и жените во образовниот систем и квалитативно подобри образовни понуди за сите. Целите беа и се амбициозни. Во меѓувреме се постигнуваат и успеси, но до целта патот е се уште долг:

„Една од клучните задачи на УНЕСКО е секоја година да известуваме за темата: образование за сите. Образованието за сите е еден од клучните успеси за УНЕСКО, односно да биде постојано на дневен ред во меѓународната заедница„.

Николас Барнет е директор на годишниот извештај на УНЕСКО „Образование за сите„. Неговите извештаи покажуваат дека успесите и не се баш толку големи какви што би сакале. Во 1070 година секој трет возрасен во светот беше неписмен, денес скоро секој петти. Со оглед на порастот на населението тоа не е лош резултат. Секоја година расте и листата земји кои на сите деца им нудат бесплатно основно образование.

Сепак, иако сето тоа е позитивно, се уште околу 150 милиони деца се пресиромашни за да можат да ја преземат понудата: тие предвреме го прекинуваат образованието, а и оние што го завршуваат основното образование често се уште не знаат да читаат и да пишуваат, подвлекува Николас Барнет. Оттаму, основното образование за сите и натаму останува првенствена задача:

„Задачата – основно образование за сите и натаму останува, посебно неговото подобрување. Многумина што го завршуваат основното образование и натаму не знаат да читаат. Втората важна задача е да се погирижиме за тоа да се подигне нивото на образовните програми за младите и возрасните за да можат да се описменат„.

А, зошто да не се причека? Чисто математички ако се обезбеди основно образование за сите, тогаш е само прашање на време кога неписменоста како поим ќе биде избришана од книгите по историја:

„Тоа би било повеќе од проблематично, зашто не е можно да се избришат 771 милион неписмени возрасни. Тоа е една петина од сите возрасни во светот и ако така се однесуваме тогаш ќе излезе дека за таа петина ни е сеедно. Тоа за нас е неприфатливо„.

Во најновиот годишен извештај Николас Барнет и неговиот тим укажуваат на тоа дека не само понудата, туку е битно и опкружувањето за да се овозможи описменувањето. И тоа вистина за сите: за девојките и жените од кои една третина и денес се неписмени. Во многу земји ним и натаму им се спречува пристапот кон образованието. Конечно, како што вели генералниот директор на УНЕСКО, Абдул Вахед Кан, образованието е клуч за развојот, демократијата и човековите права:

„Луѓето ќе бидат многу посвесни за своите права, секако и за правото на образование. Ако не овозоможиме образование за сите, ќе се појави нерамнотежа што ќе предизвика големи општествени проблеми„.