Светски ден на борба против насилство врз жената | Теми на денот | DW | 25.11.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Светски ден на борба против насилство врз жената

Секоја четврта жена во Германија е изложена на телесно или сексуално насилство. Порано жртвите како единствена можност барале излез во прифатилишта. Пред пет години тоа се промени со законот за заштита од насилство.

default


Се случува често зад затворени врати. Тепање, понижување, ограничување на слободата, силување, во некои случаи и убиства.

„ Тоа беше една ситуација која се случи доцна навечер. Детето не престануваше да вреска, но тој не запре, тој беше изнервиран. И што се случи, со тилот удрив во вратата и ми се отвори рана на главата, но и натаму сакав да излезам надвор со детето. И во мометот кога го напуштав станот се појави соседката рече дека ќе повика полиција„

Полициската акција беше тажен крај на долгогодишните маки на Сузана. Таа претрпе омаловажување, понижување и тепање. Долго време таа немала сила самата да си замине.

Полициската акција за Сузана беше благодет. Но потоа тие не смеат сами да дејствуваат, туку во соработка соодветните служби кои го отстрануваат мажот десет денови од домот. Десет дена мир и време за Сузана да размисли како натаму.

Порано во случаи на крваво насилство деликвентите беа задржувани во притвор. Но најчесто по една ноќ тие беа пуштани на слобода. Денес полицијата е поактивна, вели комесарот за насилство од полицијата во Келн, Марен Лајснер:

„ Жената нема воопшто влијание врз мерките кои ние ги преземаме како полиција. Тоа е исто така и смислата и целта на законот. Насилниците да не можат да влијаат на каков било начин дали на денот на злосторство или ден потоа. Жената да може да се јави и да каже сега се е повторно добро и може да се врати„

Уште следниот ден на помош доаѓаат надлежните служби. Најчесто жени кои контактираат со жртвите. Тоа е вториот важен чекор во спроведувањето на новиот закон.

„ Надлежните служби тогаш контактираат со погодените и нудат помош, социјална, финансиска или правна за да ја застапуваат и пред основниот суд„

Третиот чекор е следен. Жртвата може доколку сака да побара од судот да одреди мерка забрана за контакт или приближување. Во најнаселената сојзуна покраина Северна Рајна Вестфалија, во минатата година се забележани 20.000 случаи на домашно насилство. Тенденција во пораст. Годишно за околу 30%.

Во повеќе големи градови меѓутоа постои добра соработка меѓу полицијата и советувалиштата. Тоа е резултат на 5 годишното работење и интензивната обука на полицијата. Помошта не им се нуди само на жртвите туку и на деликвентите.

Министерката за семејство Урсула Фон Дер Лајен неодамна поттикна да им се посвети поголемо внимание на жените мигрантки, затоа што кај нив речиси секоај втора е жртва на семејно насилство. Кругот од срам и погрешно сватени чувства на вина кај нив треба да се прекине и проблемите да не се третираат како семејна приватна работа . Ова е и најголемиот резултат на законот за заштита од насилство.