1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Светски ден за слобода на медиумите

3. мај е светски ден за слобода на медиумите. Генералниот секретар на ОН и генералниот директор на УНЕСКО се заложија за слободен и отворен говор без страв и репресија.

Како основно човеково право слободата на изразување обезбедува услови за заштита и промоција на сите останати човекови права. Но, неговата примена не се случува по автоматизам, туку бара безбедна средина за дијалог каде сите ќе можат да зборуваат слободно и отворено без страв од репресија. Oва се вели во заедничката порака на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун и генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова по повод 20 годишнината од одбележувањето на Светскиот ден за слобода на медиумите.

Годинашното мото под кое се одбележува овој ден е „Безбедно е да зборуваш: да се обезбеди слободата на изразување во сите медиуми“, а акцентот особено е ставен на прашањето за безбедноста на новинарите, борба против неказнивоста на дела против слободата на изразување и обезбедување слободен и неограничен пристап на интернет.

Според најновиот извештај на Фридом хаус објавен завчера, генерално во светот лани е забележан пад на медиумската слобода, а процентот на светската популација, која живее во земји со целосно слободни медиуми паднал на најниско ниво во последните 16 години.

Македонија и натаму е во групата на делумно слободни земји. На листата од 197 држави 66 се оцененти за слободни, 70 како делумно слободни, а 62 земји се сметаат за неслободни.

Во Извештајот за најслободни се оценети медиумите во Норвешка и Шведска, а најмала медиумска слобода има во Северна Кореја и Туркменистан. Светскиот ден за слобода на печатот беше прогласен од страна на Генералното собрание на ОН во декември 1993 по препорака на Генералната конференција на УНЕСКО.