1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Светски ден за борба против ракот

Бројот на заболени од рак во Македонија фрапантно се зголемува. Експертите повикуваат на редовни контроли и здрав живот. Охрабрува фактот дека навремената превенција влијае позитивно.

default

Теута Крашница-Чучкова е жена, мајка, баба која речиси половина од својот живот се бори со ракот. Преживеала две операции, голем број третмани, а и денес се` уште е изложена на повремени третмани. „Јас кога првпат дознав дека сум болна од малигно заболување на институтот за онкологија имав можност и среќа врвни стручњаци во оваа област тоа да го дијагностицираат и да ме упатат на најсовремен третман“, вели Теута. Како последица на заболувањето таа сега боледува од напредната фаза на остеопороза и оди на соодветна терапија каде се среќава со други пациенти. Вели дека е многу благодарна што сите овие години може да биде со своето семејство, благодарение на современиот третман и лекување.

Искуството како поддршка на другите

Mamographie Krebs p178

Редовни контроли се клучот за рано откривање на ракот, што е предуслов за поуспешно лекување

Двете добиени битки со опасната болест, на Теута и‘ дале поттик на еден хуман начин да им помага и да се бори за луѓето со кои ја дели истата судбина. Веќе 17 години како потпретседател на здружението „Животна искра“ дава огромен придонес, пред се‘ во едукација на населението: „Честопати како пациенти, во услови кога нема соодветни лекови, се грижиме да лобираме кај надлежните бидејќи станува збор за протокол кој мора да се почитува. За жал, некогаш на менаџерите на некои клиники поважно им е да имаат соодветен буџет отколку грижата за здравјето“, предупредува Теута.

Ракот зема замав и кај младите

Судбината на Теута за жал ја делат се` поголем број луѓе во Македонија. Последните податоци се загрижувачки. Старосната граница на заболени од рак се` повеќе се намалува. Процентот на заболени кај младата популација до 19 годишна возраст од околу 9% на 100 илјади жители, пораснал на високи 15%. Експертите предупредуваат дека иако не постои специфична превентива, сепак од исклучителна важност е здравиот начин на

11.01.2008 projekt zukunft krebs 3

Според податоците на СЗО, од неколку типови на рак годишно умираат 4 милиони луѓе

живот, но и соодветна превенција.

Затоа е неопходно да стартува Националната стратегија за контрола на малигните заболувања за која веќе се зборува пет години. Тоа значи - сите оние елементи кои се поврзани со малигните заболувања да бидат контролирани и финансирани од државните органи. Професорот Снежана Смичковска предупредува дека превенцијата односно бесплатните скрининг-програми се клучниот фактор кој помага во рано откривање на малигните заболувања:

„Тука е сегментот на кој што треба многу да се работи и во Македонија. Светските податоци велат дека се етаблирани четири групи на болести за кои што превенцијата покажува позитивни резултати. Во Македонија е потребен скрининг-програма за ракот на дојка, грлото на матка, дебелото црево и рак на простата. Доколку тие се спроведат како што треба, значително ќе се намалат заболувањата и смртноста што во меѓународни рамки е евидентирано“, објаснува Смичкова.

Да се слушаат советите на лекарите

Според најавите, годинава во неколку македонски градови треба да започне скрининг-програма за контрола на рак на дојка. Теута советува да се оди на лекар и да се слушаат советите затоа што ако ова заболување се открие навреме, успешно се лекува. Според податоците на Светската здравствена организација, од неколку типови на рак годишно умираат 4 милиони луѓе.

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска