1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Светските лидери го повикаа Асад да се повлече

Лидерите на САД, ЕУ, Велика Британија, Франција и Германија денеска (18.08) едноподруго упатија повик до сирискиот претседател Башар ал-Асад да се повлече од власт и најавија, или се заканија, со нови санкции.

default

Башар ал-Асад

Американскиот претседател Барак Обама беше првиот кој денеска побара од сирискиот претседател да се откаже од функцијата.

„Ние постојано велевме дека претседателот Асад мора да спроведе демократска транзиција или да се тргне од патот. За доброто на сирискиот народ , времето е дојдено претседателот Асад да се тргне настрана“, изјави Обама.

Ова е прв дециден експлицитен повик на САД до Асад да поднесе оставка на фунцијата, по неколкумесечните насилства во Сирија, во кои, според непотврдени информации, безбедносните сили убиле близу 2000 противници на режимот.

Обама, покрај повикот, нареди воведување заострени санкции против сириската влада.

Повик до Асад и од ЕУ, Франција, В. Британија и Германија

Веднаш по Обама, повик до Асад да се повлече од власт упати и ЕУ. Во писмена изјава високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон истакна:

Obama USA Rede Schuldenkrise Zahlungsunfähigkeit Lösung

Барак Обама

„ЕУ смета дека Башар ал-Асад целосно ја загуби легитимноста во очите на сирискиот народ и е неопходно да се повлече настрана.“

Набргу потоа сличен повик во заедничка писмена изјава упатија и претседателот на Франција Никола Саркози, британскиот премиер Дејвид Камерон и германската канцеларка Ангела Меркел.

„Го повикуваме да извлече консеквенци од целосното отфрлање на неговиот режим од страна на сирискиот народ и да ја напушти власта во интерес на Сирија и единството на нејзиниот народ“, стои во изјавата на лидерите.

Саркози, Меркел и Камерон ја поддржаа најавата на Кетрин Ештон за воведување заострени санкции на ЕУ против Сирија за да му се стави крај на насилството во земјата.

Насилствата продолжуваат

Во Сирија пак, претставници на опозицијата ги отфрлија тврдењата на Башар ал-Асад за наводен крај на воените операции.

Syrien Unruhen Soldaten auf LKW in Al-Jesrain

Сириските војници и натаму демонстрираат сила во градовите

Новинската агенција Ал-Арабија цитираше очевидци, според кои војници во градовите Хомс и Алепо и натаму преземаат акции против противниците на режимот и цивили.

Сирискиот претседател Башар ал Асад, вчеравечер, во телефонски разговор со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун соопштил дека издал наредба на военото раководство за престанок на акциите против припадниците на опозицијата. Бан, притоа, изразил голема загриженост поради најновите извештаи за кршењето на човековите права и употребата на сила од страна на сириските трупи и милицијата.

Автор:СН/ЕМФ/ртр/ап/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM