1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Светскиот совет за климатски промени на мета!

Медиумите од англиското говорно подрачје изминативе денови се полни со критики на сметка на Светскиот совет за климатски промени. Повод - признавањето на одредени грешки во проценките на ова меѓувладино експертско тело.

default

Главните забелешки на сметка на Светскиот совет за климатските промени се дека ова тело наместо да биде политички неутрално, има премногу „зелена ориентација“ и дека поради тоа од неговата работа се исклучуваат сите критичари. На конзервативните политички сили, од кои доаѓаат ваквите обвинувања многу им одговараат неодамнешните признанија за одделни научни недоследности во последниот извештај на Советот. Германскиот министер за екологија Норберт Ретген е лут поради грешките што се поткраднале во извештајот на преку 1.000 страни, но нагласува дека тие не даваат основа за комплетна дискредитација на Светскиот совет за климатските промени. Тој напротив бара да се спроведат одредени промени во работните процеси на Советот и со тоа да затвори целата афера, што во некои медиуми дури го доби звучниот наслов „климагејт“.

Indien Klimakonferenz Rajendra Pachauri Pressekonferenz New Delhi

Раџендра Пачаури, престедател на Светскиот совет за климатски промени

Шефот на Светскиот совет за климатските промени, индискиот научник Раџендра Пачаури посочува на одличната работа на телото во изминатите 21 година, што беше потврдено и со добивањето на Нобеловата награда за мир во 2007 година: „Ако денес треба да измислиме одново организација што ќе треба да даде сеопфатна проценка на последиците од промените на климата и со тоа да одговори на потребите по соодветни информации на политичарите и јавноста, тогаш би требало да измислиме токму ваква организација, каква што е Светскиот совет за климатските промени.“

Автор: Хеле Јепесен / Горан Чутаноски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска