1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Светскиот првак Германија само четврти на ЕП во ракомет

Шампион на Европа e Данска, која за прв пат освои една меѓународна титула вo ракометот. Новак Ѓоковиќ - прв српски тенисер што победи на грен-слем турнир, неговата сонародничка Ивановиќ поразена во финалето во Мелбурн

default

Данска е европски првак во ракомет


Данска во финалниот дуел на Европското ракометно првенство во норвешкиот град Лилехамер забележа победа против олимпискот шампион Хрватска со 24 спрема 20. „Уште не можам да сфатам, тоа беше моја последна шанса за да учествувам на олимпијада и сега сум неверојатно радосен, се тресам како мало дете“ - рече по триумфот во финалето најдобриот стрелец на Данците Ларс Кристијансен.

EM Handball Euro 2008 in Norwegen Deutschland gegen Spanien

Германија четврта

Германските ракометари, по големата драма во полуфиналето и поразот од Данска со гол примен од седмерец на три секунди пред крајот, веќе немаа сили за борбата за третото место. Поразот од Франција со 36 спрема 26 е највисок што Германија воопшто го доживеала на едно европско првенство. „Морам искрено да признаам дека почесто фрлав поглед врз часовникот и посакував времето да тече што е можно побргу“ - отворено кажа како се чувствувал германскиот тренер Хајнер Бранд. Но, треба да се има предвид дека на ова првенство Германија ја следеа многу проблеми со повреди на клучни играчи. Бранд сепак не бара изговор: „Тоа е оправдание за некои работи, но не за се“. Играчот Холгер Гландорф изјави: „Сепак е еден мал успех што се пласиравме во полуфиналето. Ќе учиме од нашите грешки и сега нашите надежи се насочени кон олимпијадата“. Овој состав ќе биде основа и за олимпискиот тим, вели тренерот Бранд: „Секако голем дел од играчите што беа овде, ќе бидат и таму. Во секој случај, ќе се обидам да создадам конкуренција, за ниеден играч да не се чувствува сигурен, но ни во ракометната Бундеслига нема многу конкуренти“.
Лох стана најмлад светски првак во санкање
На светското првенство во санкање 18-годишниот Феликс Лох, двократен светски јуниорски првак, приред големо изненадување освојувајќи ја титулата и меѓу сениорите. Тој стана е најмлад светски првак во историјата на овој спорт. „Ова е сензација, не сметав на победа, туку мислев дека ќе биде чудесен успех ако се пласирам меѓу првите шестмина“ - рече новиот шампион. Инаку, Германците беа толку доминантни, што ги освоија сите медали - сребрениот му прпипадна на Давид Мелер, бронзениот на Анди Лангенхан, а и четвртопласираниот Јан Ајхорн исто така е германски претставник.
Седма светска титула за Нојнер во јуниорска конкуренција
Биатлонката Магдалена Нојнер, која во сезонава извонредно настапува во сениорска конкуренција, освои и две титули на светското првенство за јуниори - во спринтот и во трката на 10 километри. Таа си дозволи луксуз при стрелањето да промаши седум од 20-те истрели и сепак на крајот да победи со речиси две ипол минути предност. 20-годишната Нојнер сега има вкупно 7 светски титули во јуниорска конкуренција.
Алпско скијање - Германците во сенка, Милер во фокусот
Во алпско скијање на викендот Германците не постигнаа позабележителен резултат во трките од светскиот куп. Една недела по победата во Кортина д’Ампецо, Марија Риш на домашен терен во Офтершванг во велеслалом падна, а во слалом го освои осмото место. Победнички во овие дисциплини станаа Италијанката Дениз Карбон и Австријката Марлиз Шилд. Севкупно во светскиот куп кај жените води Австријката Никол Хосп, пред Американската Линдзи Вон, додека Марија Риш сега и’ го препушти третото место на Шилд и падна на четврта позиција. Кај мажите водството го презема Американецот Боди Милер, пред Австриецот Рајх и Швајцарецот Киш. Милер е победник во слаломот и во супер-комбинацијата во францускиот центар Шамони. Во спустот најбрз беше неговиот сонародник Марк Саливен, кому тоа му е прв успех во трка од светскиот куп воопшто.
Фризингер реди победи
Ани Фризингер, пак, стигна и до 52-та победа во трка од светскиот куп во брзо лизгање. 30-годишната олимписка победничка беше најбрза на патеката од илјада метри на натпреварувањето во норвешкиот град Хамар.
Повторно европско „злато“ за Савченко-Шолкови
Германската двојка Аљона Савченко - Робин Шолкови ја одбрани шампионската титула на Европското првенство во уметничко лизгање. Со извонредниот настап во Загреб тие ги оставија зад себе руските двојки Мухортова - Транков и Кавагучи - Смирнов. „Тоа беше фантастично постигнување, што го прикажаа денеска. Беше тешко, бидејќи настапија како последни, но се’ направија како што треба“ - оцени тренерот на шампионската двојка Инго Штоер.
Триумф на Ѓоковиќ и Шарапова во Мелбурн
Првиот грен слем тениски турнир во сезоната, Отвореното првенство на Австралија, го донесе и првиот триумф на еден српски тенисер воопшто: 20-годишниот Белграѓанец Новак Ѓоковиќ во финалето го совлада Французинот Жо-Вилфрид Цонга со 3 спрема 1 во сетови. „Ова е нешто специјално, ова е посебно натпреварување - две недели настапуваат најдобрите играчи од светот, а на крајот ти си шампион. Се’ уште не сум свесен колку е големо она што го постигнав во овие две недели“, зборуваше новиот претендент за светскиот тениски врв. Подвигот на Ѓоковиќ е дотолку позаслужен, што тој во полуфиналето го совлада и светскиот рекет број еден Федерер од Швајцарија.

Australian Open 2008 Tennis Turnier Serena Williams

Мелбурн 2008

Во женска конкуренција 20-годишната Русинка Марија Шарапова беше подобра од нејзината врсничка Ана Ивановиќ од Србија и победи со 2 спрема 0 во сетови. За Шарапова ова е трет освоен грен-слем турнир. „Не мислев на грен-слемовите што ги освоив порано, туку се концентрирав врз мечот, врз противничката, врз работите што требаше да ги направам за да победам“ - изјави Шарапова. За Ивановиќ Мелбурн беше второ грен-слем финале и втор пораз. „По малку сум разочарана, оти загубив, иако имав многу шанси да го добијам првиот сет. Но ова за мене е се’ уште искуство за учење. Шарапова играше добро и во финалето, и на целиот турнир“, рече Ивановиќ, која сега се искачи на второ место на светската ранг-листа зад Белгијката Жистин Анан. Шарапова остана на петта позиција.
Леб „крал“ на релито Монте Карло
Од светскиот спорт и информацијата дека францускиот возач Себастијан Леб, светски првак во авторели, победи на Монте Карло, првото годинашно рели од светското првенство. Ова е петта негова победа во Монте Карло, што не му успеа никому досега.
Претстои почеток на пролетната фудбалска сезона
Германските љубители стануваат нестрпливи поради зимската фудбалска пауза - тоа го покажува и податокот дека пријателското градско дерби во Минхен меѓу Баерн и вторологашот Минхен 1860 привлече дури 66 илјади гледачи! Средбата, инаку, заврши нерешено 1 спрема 1. Сезоната почнува в среда со натпревари од осминафиналето на Купот.