1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Светска Банка со жестока критика за Германија

Претседателот на Светска Банка Роберт Зелик ја критикуваше Германија затоа што не презема улога на лидер во актуелната должничка криза во еврозоната. На владата во Берлин и‘ недостасува визија, смета Зелик.

default

Роберт Зелик жали што Германија нема визија

Претседателот на Светската банка Роберт Зелик во интервју за магазинот  „Виртшафтсвохе“ изнесе критика за постапките на германската влада предводена од канцеларка Ангела Меркел, во кризата во еврозоната. Тој изрази жалење што германската влада нема визија за натамошниот развој на еврозоната. 

Политиката е хаотична, а на пазарите им е потребна јаснотија

Според првиот човек на Светска Банка, многу нешта во политиката во моментов

Angela Merkel mit Angel Gurria und Robert Zoellick

Меркел (л.) и Зелик (д.) во Берлин (08.10.2011)

се случуваат хаотично, а на економијата и на пазарите им се неопходни ориентација и јаснотија.

„Пред повеќе од 20 години, кога источниот блок се распадна, канцеларот Хелмут Кол покажа визија како нештата можат да се развиваат. Денеска ни‘ недостасува такво нешто и колку тоа повеќе трае, толку повеќе пари ќе не‘ чини и толку повеќе ќе се стеснува кругот на можностите за решенија“, изјави Зелик во интервју за  „Виртшафтсвохе“, чиј број ќе излезе во понеделник (10.10).

Другите големи европски држави не можат да понудат решенија

Зелик нагласи дека Германија во справувањето со кризата мора да преземе поголема одговорност. Останатите големи европски држави како Франција , Италија и Велика Британија, во моментов, од различни причини не можат да понудат решенија, изјави Зелик дополнувајќи:

„Досега Европејците се обидуваа да ги средат своите проблеми со помош на ликвидноста. Не сакам тоа да го критикувам, но така проблемот не се решава. Така само се добива време“, дополни Зелик, кој со Меркел се сретна во четвртокот (06.10) во Берлин, прецизираат агенциите.

Автор: СН/ЕМФ/дв/миа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска