1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Светска банка прогнозира пораст на македонската економија

Светска банка прогнозира раст на економијата на Македонија од три проценти за годинава и 2,5 отсто за идната година. Таквите проекции се содржани во новиот Редовен економски извештај за ЈИЕ.

default

„Растот на Македонија неколку години пред кризата и потоа е на ниво поголемо од просечното за регионот. Проекциите за раст за оваа година се околу три проценти, додека за наредната година околу 2,5 проценти, што е сепак повисоко од просечното ниво во Западен Балкан“, изјави директорот на Светска банка за Македонија Лилија Бурунчук по видео-конференциската врска преку која Светска банка го презентира извештајот.

Меѓутоа, предупредува Бурунчук, економијата во Македонија е една од најотворените и нејзиното ниво на интегрираност со остатокот на светот е доста големо. Тоа значи дека што и да се случи во остатокот на светот ќе има големи влијанија во Македонија, наведе Бурунчук.

Во иднина, истакна Бурунчук, според она што произлегува од Извештајот, постои потреба да се продолжи со добрите макроекономски политики и политики кои доведуваат до фискална стабилност. Исто така треба да се посвети внимание на зголемување на конкурентноста на економијата со тоа што ќе се инвестира во продуктивна инфраструктура, во вештини и во подобрување општо на продуктивноста на економијата, додаде Бурунчук.

Според Редовниот економски извештај за ЈИЕ, ефектите од натамошното глобално забавување и пролонгираните неизвесности околу кризата во еврозоната ќе влијаат врз економиите во земјите на ЈИЕ преку трговијата, надворешните директни инвестиции, странските банки и дознаките. Според Бурунчук, Извештајот праќа јасна порака дека земјите од Западен Балкан треба да бидат подготвени за тековната криза и од онаа која надоаѓа во Европската унија.

Автор: АТ/ миа

Редактор: Б. Георгиевски