1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Светска банка предупредува од опасна фаза за глобалната економија

Претседателот на Светска Банка Роберт Зелик со оглед на економскиот застој и берзанските турбуленции стравува дека оваа есен може да следува нова заканувачка фаза за светската економија.

default

„Финансиската криза во Европа е државна должничка криза, која има ппоследици за европската монетарна унија, банките и конкурентноста на поединечни држави“, изјави денеска првиот човек на Светска банка, Роберт Зелик, на конференција во Пекинг.

Robert Zoellick Vorsitzender Weltbank

Роберт Зелик

Осврнувајќи се на моменталната неповолна ситуација во поединечни земји од еврозоната (Грција, Португалија, Шпанија, Италија..) како и на растот на долговите во најголемата светска економија - САД, Зелик изрази стравување дека глобалната економија би можела оваа есен да западне во нова зона на опасност.

Според Зелик затоа е итно неопходно САД да се справат со своите должнички проблеми за повторно да ја зајакнат довербата на финансиските пазари во политиката.

Зелик апелираше до Кина, при растот на економијата помалку да полага на извозот и инвестициите во странство, а повеќе на внатрешната потрошувачка.

Автор:СН/ЖА/дв/ртр

Редактор: Жана Ацеска