1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Светска банка очекува намален раст во Азија

Светска банка ја коригираше прогнозата на порастот на стопанството во Азија во надолна линија. Чекор које резултата на намалетната побарувачка во светот.

Светска банка ја намали прогнозата за пораст во Азија. Стопанството во земјите во подем во азиско-пацифичкиот регион годинава веројатно ќе забележи пораст од 7,2 проценти, наместо 7,6 проценти кои се прогнозираа во мај, соопшти Светска банка во Пекинг. Исто така и прогнозата за Кина, најголемата економија во регионот, е намалена од 8,2 проценти на 7,7 проценти. Порастот во Кина е забавен пред се’ поради контролните механизми на владата за забавување на прекумерно забрзаниот раст на економијата и инфлацијата. Но исто така и помалата побарувачка за кинескиот извоз придонесе за забавување на порастот.

„Во едно фрагилно надворешно опкружување стопанствотот во Источна Азија и во пацифичкиот регион се забавува“, се вели во денеска објавениот извештај на Светска банка. Како најголеми резици за Азија, според извештајот, се сметаат должничката криза во Европа и даночната политика на САД.