1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Светска Банка: Мигрантите даваат многу пари!

Вкупната сума пари што оваа година мигрантите ја испратиле во своите некогашни татковини изнесува преку 200 милијарди долари.

Зградата на Светската Банка во Вашингтон

Зградата на Светската Банка во Вашингтон

Тоа е два пати повеќе од сумата која развиените земји им ја испраќаат на земјите во развој. Токму затоа и овие средства, во најновиот извештај на Светската банка, се наведуваат како важен извор на финансии во земјите во развој.

Многу луѓе кои заминале во странство праќаат пари дома и со тоа овозможуваат големи инвестиции во областа на здравството, образованието, како и малите и средни претпријатија. Но, и покрај тоа што тие многу помагаат да се надмине сиромаштијата во земјите во развој, во суштина станува збор за губитоци, бидејќи од оние кои ги напуштаат своите земји, најмногу има образовани луѓе.

Осум од 10 високо образовани жители на Хаити заминуваат од земјата. Истото важи и за Јамајка.

Морис Шиф, еден од авторите на извештајот на Свестаката Банка вели:

,, Извештајот покажува дека миграцијата, односно исеелениците од земјите во развој, ја редуцираат сиримаштијата во нивната татковина. Ова е важно, бидејќи во светот има 200 милиони луѓе кои не живеат во земјата во која што се родиле, а голем број од нив редовно испраќаат пари некому во татковината“ вели Шиф.

На извештајот на Свестката банка ми претходеше детално истражувањње на домаќинствата на мигрантите во Мексико, Гватемала и Филипините- земјите од каде доаѓаат огромен број мигранти. Се покажа дека во тие земји парите кои стигнуваат од странство претставуваат многу важен економски фактор:

,,Вкупната сума пари кои мигрантите оваа година ќе изнесува преку 200 милијарди долари. Тоа е два пати повеќе од вкупната сума која што развиените земји ја издвојуваат за земјите во развој.“ вели Шиф.

Од трансферот на парите најмногу корист имаат најсиромашните. Утврдено е дека тие семејства дури 50 отсто од приходите ги остваруваат од роднините во странство.

,,Тие пари најчесто се користат за разни инвестиции- за образование, здравје, за подобрување на стамбената ситуација и за основање приватни фирми,“ додава претставникот на Светската Банка.

Темната страна на миграцијата е одливот на мозоците. Во некои земји на Средна Америка и карибските земји во кои Светската Банка вршеше истражувања, дури 80 отсто луѓе со универзитетска диплома ја напуштаат татковината. Во големите земји во развој , како што се Бразил, Индонезија и Кина таа бројка е многу помала и судејќи според податоците на Светската банка изнесува само 5 отсто.