1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Светска банка – Волфовиц

Претседателот на Светската банка Пол Волфовиц уште еднаш ги отрфли обвинувањата за непотизам. Во сослушувањето пред егзекутивниот совет на банката, Волфовиц ги негираше резултатите на истражаната комисија која му префрлува дека сопствените интереси ги ставил над оние на Светската банка. Во извештајот на комисијата се вели дека Волфовиц ги прекршил етичките правила зашто и помогнал на својата животна сопатничка да добие поголема плата.