1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Светската рецесија ќе биде подлабока од очекувањата

Светската банка смета дека меѓународната економска криза ќе остави големи траги во неразвиените и земјите во развој. За да ги совладеат негативните влијанија од светската криза, ним им требаат 700 милијарди долари.

default

Логото на Светската банка и на ММФ со разни валути

Меѓународните финансиски институции не се во состојба да ги обезбедат потребните средства за надминувањето на светската економска криза и во земјите во развој. Особено загрижувачки е фактот што тие земји не располагаат со сопствени финансиски ресурси за да ги премостат последиците од рецесијата на светската економија - предупредува Светската банка во најновиот извештај.

„Глобалната криза бара и глобални напори за нејзиното надминување“, порачува претседателот на Светската банка, Роберт Зелик. Тој драматично предупредува од стопанска катастрофа во земјите во развој. Неопходни се дополнителни инвестиции во социјалните фондови, во инфраструктурата и во малите и средни претпријатија за да се одржат работните места и да се спречат социјални и политички немири, нагласува Зелик.

Економска „мултиплекс склероза“

Кризата ги погодува многу тешко и земјите во подем, кои се потесно поврзани со развиените индустриски земји. Претпријатијата од овие земји се’ потешко ги пласираат нивните производи на пазарите на развиените земји поради тамошната рецесија. Освен тоа опаѓаат и средствата што ги испраќаат гастарбајтерите во нивните татковини, во помалку развиените земји.

USA Weltbank Finanzkrise Robert Zoellick

Претседателот на Светската банка, Роберт Зелик

Ситуацијата станува уште подраматична и поради кредитите и долговите на земјите во развој, кои тие нема да бидат во состојба да ги вратат. Светската банка проценува дека во земјите во подем годинава за исплата доспеваат кредити во износ од околу три билиони долари. Голем дел од овие кредити земјите им ги должат на големите меѓународни банки, кои се во криза и тешко ќе можат да ја одложат нивната исплата.

Тоне и индустријата и трговијата

Во извештајот на Светската банка се дава и нова прогноза на развојот на светската економија. Според неа, годинава светското стопанство ќе забележи намалување на производството - за прв пат по Втората светска војна. До средината на годината индустриското производство би требало да се намали за 15% во споредба со минатата година. Светската трговија, пак, се очекува да го доживее најголемото опаѓање во последните 80 години.