1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Светската елита во потрага по решение за кризата на Блискиот исток

Убиството на четворицата набљудувачи на ОН им создаде дополнителен притисок на присутните на конференцијата посветена на блискоисточниот конфликт, која денеска се одржува во Рим. Претставниците на големите западни сили, нивните арапски сојузници, ОН и Русија денес ќе се обидат да најдат решение за крај на двонеделниот конфликт. Меѓу главните теми е и каков вид на меѓународни сили да бидат испратени во Ју

Меѓународната заедница бара итен прекин на огнот

Меѓународната заедница бара итен прекин на огнот

жен Либан. Конференцијата ја отвори италијанскиот премиер Романо Проди.

Во Рим дојдоа сите. ЕУ министрите за надворешни работи, евродипломатот Хавиер Солана, американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, либанскиот премиер Синиора и претставници на други арапаски земји и на ОН. Пред почетокот на конференцијата генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, побара од Израел итна истрага на “очигледно намерното гранатирање“ на базата на ОН во Јужен Либан, при што настрадаа четворица набљудувачи на Светската организација. Овој инцидент ги зголеми тензиите и притисокот на меѓународната конференција во Рим. Оваа средба има за цел да придонесе кон ставање крај на конфликтот кој веќе однесе многу жртви. Италијанскиот премиер Романо Проди пред средбата ги наброја целите:

“Прва работа е моментален прекин на огнот. Второ е спроведување на масовна хуманитарна акција за населението, оти бранот на бегалци е огромен”.

Францускиот министер за надворешни работи Филип Дуст Блази најави дека Франција ќе предложи резолуција и план за прекин на огнот, кој ќе создаде услови за преговори. Освен прекин на огнот,формирањето мултинационални трупи е главна тема на конференцијата во Рим. Дебатата ја започна генералниот секретар на ОН Кофи Анан минатата недела во Брисел :во секој случај,контингентот мора да биде поголем од сегашната набљудувачка мисија стационирана во Либан:

За трупите е потребен друг концепт и мандат од Советот за безбедност на ОН,со кој тие ќе можат да дејствуваат во Либан за стабилизирање на состојбата.Тоа би и дало време на либанската влада за да ја поврати контролата врз југот на земјата и да се разјасни прашањето како можат да бидат разоружани милициите.

Анан поаѓа од тоа,разоружувањето да го изврши самата либанска армија со поддршка на трупи на ОН или Хезболах самиот да се разоружа со посредтсво на Сирија.База во секој случај би бил робустен мандат,а тоа значи мировните сили смеат да учествуваат во борби,како во моментов во Авганистан.

Но,за тоа мора да постои јасно овластување.Дали мировните трупи треба да обезбедат само тампон зона,како што предлага во меѓувреме Израел или да го разоружаат Хезболах?

И,под чија команда ќе бидат трупите.Теоретски би бил можен мандат под водство на НАТО,но Американците се многу застапени во неговите штабови,што веднаш буди сомнеж за пристрасност.

Двете страни,Либан и Израел би морале најпрво да се обратат на НАТО.

Политички поприфатлива би била команда од ЕУ,европретставникот Хавиер Солана рече дека е тоа реална можност.Мисијата не би била едноставна,но:

"Некои земји членки на ЕУ се подготвени да го стават на располагање потребното."

Солана за жал не кажа на кого мисли.Прстот е вперен во Италија,Франција,Грција,а прашање е дали може да се приклучи Германија.И Велика Британија веќе сигнализираше дека би се ангажирала.ЕУ трупи има веќе во Авганистан,на Балкан и најново во Конго,дури следната година ќе бидат на пример повлечени војниците од Босна.За двете опции,трупи под водство на НАТО или на ЕУ постојат политички заговорници.