1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Светската економија во 2003

Соединтеите Американски Држави во економски подем, Азија подеднакво на курсот на напредок, европскиот простор во стагнација, нема светло на хоризонтот за најсиромашните земји во развој: тоа се клучните точки на светското стопанство во годината 2003. Состојбата на светската економија на почетокот на годината беше во сенката на претстојната војна во Ирак, непосредно по нејзиниот почеток се појавија првите знаци на заздравување. "Кога Вол Стрит кива, светските берзи имаат грип". Оваа стара изрека на берзијанците се потврди и на почетокот на годината. Страхувањата од војната во Ирак, по еден говор на американскиот претседател Џорџ Буш го турнаа надолу курсот на берзите од Токио преку Франкфурт до Њујорк. Во Токио курсот на Никеи достигна најниско ниво во последните 20 години. Во Франкфурт ДАКС повремено паѓаше на најниско ниво во последните 7 години. Додуша економијата во САД покажуваше забалежителни знаци но тоа беше нездрав полет меѓу страхувањата од војна и економски бум. Економската година во САД беше одбележана со нови берзански сканадли, слаб долар, пораст на невработеноста и нов рекорден дефицит во буџетот. Лекот на претседателот Буш против заспаната економија напротив имаше многу едноставен именител: намалување на даноците на широк фронт: "Овие намалувања на даноците се за сите што плаќаат данок на приход и тие многу бргу ќе помогнат нашата економија да застане на здрави нозе", вети Буш во неговиот говор за состојбата на нацијата на почетокот на годината. Меѓутоа, не одеше толку бргу. Заканувачката војна во Ирак ги кочеше и инвеститорите и потрошувачите, а и по брзата воена победа во април, пазарите привремено беа скептични. Американскиот буџестки дефицит и поради трошоците за војната, достигна ново рекордно ниво од 460 милијарди долари. Истовремено растеше и невработеноста. И покрај воениот успех, Буш беше напаѓан од неговите противници: "Џорџ Буш е првиот претседател по Херберт Хувер кој води економија во која има се помалку работни места. Досега два милиона. Зарем не вети повеќе работни места со намалувањето на даноците?". Кога економскиот пораст сепак се појави во третиот квартал, наликуваше на експлозија. Но, порастот на националниот брутопроизвод од 8,2 насто пред се беше резултат на зголемените државни давачки. 150 милијарди долари поврзани со војната и обновата во Ирак, на американската индустрија и обезбедија нови договори што заедно со намалувањето на даноците водеше кон незапирлив скок на американската економија. Кон тоа и акутната слабост на доларот што позитвно влијаеше врз извозот. Но, промената изостана на пазарот за работа. Во октомври се појави слаб сигнал, зашто за првпат по подолго време беа отворени 100 илјади нови работни места, па стапката на невработеност падна на 6 насто. Економскиот скок во второто полугодие респектабилно се покажа и врз порастот на акциите на Вол Стрит. И покрај новите скандали со фондовите, Доу Џонс се искачи за скоро илјада поени, а Насдак за 30 насто. Другата страна бумот: од високиот дефицит кој достигна 5 насто од брутосоцијалниот производ не го боли глава само Алан Гринспин. Заедно со акутната слабост на доларот тоа може на целото светско стопанство во 2004 година да му донесе големи проблеми. Сепак светското стопанство е поштедено од Дамокловиот меч на една нова трговска војна - Американците се покорија на едно решение на Светската трговска организација и ги укинаа увозните царини за челикот. Порастот во САД финансиран од задолжувања носи ризици подеднакво како и паѓањето на доларот. Равенката гласи "слаб долар - силно евро".Оттаму економските експерти со загриженост го посматраат огромниот буџетски дефицит во САД. Аксел Вебер, еден од петтемина германски економски мудреци и професор по економија, во есента 2003 вака ја билансираше економската ситуација: "Постојат елементи според кои може да се каже дека десетпроцентно намалување на еврото во тековната година може да предизвика помал пораст за 0,2 насто, а истото да се случи и во наредната година. Тоа се пресметки што базираат врз моделот на Сојузната банка. Големо обезвреднување во наредната година како последица на големиот американски буџетски дефицит и слабиот долар секако ќе го загрози подемот кај нас". Државен дефицит од пет насто како во САД, во Европа би имал многу сериозни консеквенци. Во рамките на договорите од Мастрихт членките на Европската унија се обврзаа државните задолжувања да не префрлаат три насто од брутонационалниот производ за да не се загрози стабилноста на заедничката европска валута. Сепак Германија, поранешниот добар ученик и коиницијатор на мастришките критериуми во 2003 се наоѓа на првото место прекршители следена од Франција. Буквално во последната минута германскиот министер за финансии и неговиот француски колега се извлекоа од санкции. Соодветно е олеснувањето во Париз и Берлин. Вистинско решение, смета германскиот министер за финансии Ханс Ајхел зашто обете земји ги прездеоа неопходните мерки за намалување на дефицитите: О-Тон Ајхел "Врз таква основа еден германски министер за финасии не може да прифати одлагања и затоа ги исполнуваме сите преопраки. Но, секако ќе прифатиме да се согласиме што е вистинската полиитка за наредните години за да се извлечеме од преголемиот дефицит. Затоа Германија презеде цела низа обврски и тоа е нашата позиција". Позиција што не ја споделуваат сите. Еврокомесарот за монетарна политика Педро Солвез упати остри критики, подеднакво како и министрите за финансии на Финска, Холандија, Шпанија и на Австрија, Карл Хајнц Грасер: "Ако се бара лидерство од Германија и Франција тогаш мора дома да се спроведат реформи, а не само со години да се зборува и да се наоѓаат убави зборови, туку мора кога и да е да следува акција". Всушност, скоро сите европски држави, и оние што се придржуваат кон мастришките критериуми, водат битка со структурални проблеми што им го спречуваат побрзиот полет. Аксел Вебер вака билансира: "Нашата парична политика не е виновна за тоа, таа е експанзивна. Имаме најниски камати во историјата, но во многу земји има структурни проблеми на пазарите на работа и во социјалните системи. Мора да се преземат долгорочни реформи. Постојат големи отпори кон таквите реформи во одделни земји и затоа тие не одат бргу напред. Оттаму и разликата во динамиката меѓу Европа и САД". Во ваквата конјунктурна трка во ќоросокак се најдоа земјите во развој. Никакво чудо што се заострија фронтовите на конференцијата на Светската трговска организација во Канкун. Новото беше тоа што земјите во развој настапија со единствен глас во одбрана на своите позиции. Пред се тоа е однесува на аграрот: земјите во развој им префрлаат на развиените дека со прекумерните субвенции ги затовараат пазарите за нивните продукти. Токму на ова прашање пропадна и конференцијата во Канкун. Германската министерка за земјоделство Ренате Кинаст смета дека нема друга алтернатива освен продолжување на преговорите: "Според разговорите што ги водев сепак увидов дека многумина сакаат мултилатерален договор и имаат намера конструктивно да соработуваат. Пред нас се уште имаме големи проблеми, но она што треба да се направи се вистински специјални правила за земјите во развој за да им се отворат можности што сигирно е голема задача пред СТО". Колку е тоа тешко покажа годишната конференција на меѓународниот монетарен фонд и светската банка во Дубаи. Во принцип во светската нерамнотежа ништо не е сменето, смета претседателот на Светската банка Џејмс Волфенсон. И натаму едни имаат премногу, други премалку: "Од шест милијарди луѓе во светот, една милијарда располага со 80 насто од глобалниот бруто-производ. Една милијарда мора да го мине денот со помалку од еден долар. Светот е излезен од рамнотежа". Волфенсон подвлекува дека не е доволна само насочена помош за земјите во развој, туку мора да протечат пари од богатиот Север кон сиромашниот Југ: "Постои уште една голема нерамнотежа кај богатите земји. Тие даваат 56 милијарди долари како развојна помош, но затоа и 300 милијарди долари за аграрни субвенции и 600 милијарди за одбрана". Големите воени буџети во многу земји во развој го спречуваат неопходното инвестирање во образованието, инфраструктурата и здравството. Африка, која ја одбележуваат голем број кризи и војни со години претставува простор на кој економскиот развој стагнира и тоа остана така и во 2003. Во многу земји драматично се шири сидата и се заканува и во 2004 да спречи каков и да е напредок. Сосема поинаку е во Азија. Народна република Кина се развива во регионален мотор со развојни стапки за кои Европејците и Американците можат само да сонуваат. Аксел Вебер вака коментира: "Во Кина гледаме голем развоен импулс. Проценуваме околу 8 насто во оваа и во идната година. Во 2003 дури и повеќе. Секако Кина е локомотивата во Југоисточна Азија". Толку позитивно не се развиваат работите во Јужна Америка. Но, и тука се гледа светлина на хоризонтот: "Релативно сме оптимисти. И натаму гледаме мала економска динамика во Латинска Америка, но сепак сме оптимисти дека во 2004 ќе има пораст од еден процент, а во наредните години посилен развоен импулс, посебно на планот на трговијата". И во Источна и Југоисточна Европа конјунктурните показатели од крајот на 2003 се движат нагоре, иако во Русија апсењето на Михаил Ходорковски, мултимилијардер и шеф на нафтениот концерн "Јукос" предизвика оладување во инвеститорската клима. Оливер Вик, претседател на одборот за размена со Исток, проценува: "Разбирливо е што странските инвеститори беа воздржани да влезат на рускиот пазар. Што се однесува до иднинте ангажмани, ќе мора да се сочека развојот на ситуацијата во наредниот период". Многу е подобро во другите земји, посебно во оние што ќе станат членки на Европската унија. При обелоденувањето на глобалниот извештај на светскиот економски форум, неговиот шеф Аугусто Лопез Карлос констатира: "Извештајот на пример покажува дека државите од средна и источна Европа во последните 10 години се развија многу добро. Соодветно на тоа и земјите од јужна Европа треба да ги туркаат напред реформите и да следат посилна макроекономска политика. Со време треба да покажат подобри резултати како сега Унгарија, Естонија или Словенија. Тие покажаа дека можат да се вклучат во глобалната конкуренција.". Според сето, изгледите за заздравување на конјунктурата во светот на крајот на 2003 се многу подобри отколку на почетокот. Сите показатели укажуваат дека курсот на консолидација ќе продолжи и во 2004.

Поврзана содржина