1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Светската банка отвори биро во Берлин

Светската банка, најважната финансиска институција во подрачјето на развојната помош, во Берлин отвори биро. Претседателот на банката Роберт Зелик, изјави дека Германија игра водечка улога во развојната помош.

default

Министерката Вичорек Цојл се надева на успех во битката против сиромаштијата

Германската министерка за развој Вичорек Цојл и шефот на Светската банка Роберт Зелик сметаат дека стратегијата за совладување на сиромаштијата во светот е на добар пат. Постои голема согласност за актуелните политички прашања, изјави министерката Вичорек Цојл. Истовремено, голема е согласноста дека тежиште на битката против сиромаштијата мора да биде Африка:

„Се договоривме да го унапредиме финансирањето на мерките и на пристапот кон обновливи енергии за земјите во развој. Посебно ќе дадеме придонес за растоварувањето на земјите во кои се наоѓаат тропски шуми„.

Претседателот на Светската банка Зелик, потсети на ветувањата на индустриските земји дадени за време на самитот на Групата 8 во Хајлигендам. Тогаш имаше многу скепса меѓу земјите примачи на помошта:

„Меѓу африканските земји постои страхување дека средствата за развојна помош, под влијание на климатските промени, ќе бидат пренасочени. До толку е поважно да се поддржуваат напорите на меѓународните организации за развој. Освен тоа, овие земји страхуваат инвестициите во заштитата на климата да не го запрат нивниот економски развој. Мислам дека тоа нема да се случи. За време на самитот за климата на Бали, јас заедно со германската министерка и индонезискиот домаќин ќе упатам сигнал дека во развојната политика и промената на климата станува збор за иста тема„.

Самитот на Обединетите нации за климата ќе се одржи на Бали во декември. Претседателот на банката Роберт Зелик и министерката Вичорек Цојл притоа да не се запостават земјите како Кина и Индија. Нивниот огромен стопански развој со големи потреби од енергија мораат да бидат поддржани, но тој развој мора да биде формиран врз социјална и еколошки основи.