1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Светот ја пречека 2009 година

Со музика и огномет, убави желби и многу надеж луѓето во светот ја дочекаа 2009 година. Се пееше и танцуваше на преполните плоштади во поголемите метрополи.

default

Стотици милиони луѓе во светот излегоа на улиците во главните градови каде ја испратија старата 2008 и ја пречекаа новата 2009 година. И покрај студеното време, стотици илјади луѓе го преплавија њујоршкиот Тајм Сквер и околните улици присуствувајќи на традиционалното одбројување и спуштањето на огромната стаклена кугла. Тоа го направи градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумнеберг во присуство на идната министерка за надворешни работи Хилари Клинтон и нејзиниот сопруг Бил.

Euroeinführung am Brandenburger Tor

Еден милион луѓе славеа на улиците во Берлин

Во Лондон, на многу студено време и температури под нулата, околу 400 000 луѓе дојдоа да уживаат во традиционалниот спектакуларен огномет кај реката Темза. На елисејските полиња во Париз се собраа околу милион и половина луѓе, што според проценките на полицијата е многу помалку во однос на изминатите години. Глобална економска криза, значително го намали бројот на туристите во Чешка, а и самите Чеси изгледа решија да штедат, па годинешниот новогодишен пречек, беше најмирен во последните дваесет години. Нивните соседи, пак напротив, Новата година ја дочекаа бурно и масовно.

Над еден милион луѓе имаше и на прославата во Берлин, пред Бранденбуршката капија. Годинава градот одбележуваше и јубилеј - новогодишната прослава под отворено небо се случи по дваесетти пат. По примерот на светските метрополи, веќе традиционално, најлудата ноќ беше пречекана и на плоштадот „Македонија“ во Скопје, како и во другите градови во земјава. Студеното време не ги предомисли неколку илјади луѓе кои во Скопје се забавуваа на звуците од шведската група која ги пее хитовите на легендарната АББА.

London zu Sylvester

Спектакуларен огномет во Лондон

Оукленд, Нов Зеланд прв ја пречека 2009

На другата страна од океанот, во Бразил на познатата плажа Копакабана, којашто се наоѓа во близина на Рио де Жанеиро имало над два милиони луѓе кои танцувајќи ја пречекале Новата година.
Меѓу првите коишто славеа беа жителите на Сиднеј, каде еден и пол милиони луѓе на летната жештина уживаа во познатиот огномет.
Инаку, Оукленд во Нов Зеланд беше првото место на Земјата кое ја прослави Новата година. Потоа со прекрасен огномет и бродски сирени, Новозеланѓаните го поздравија доаѓањето на Новата година.Организаторите не се штеделе за да создадат фантастична атмосфера за својот народ, објаснувајќи дека сакаат сите да бидат весели барем во првите 20 минути од годината која доаѓа, а која се смета дека ќе биде кризна.

2009 година не почна за сите

Но, ноќеска не го прославија сите почетокот на 2009 година. Многубројна популација низ светот, времето и Новата година ги бележат според свои календари кои имаат корени во нивната етничка и религиозна историја. Таков е случајот со Евреите, Кинезите, Индусите и Муслиманите, како и со повеќе други помали етнички и религиозни заедници. Така во 2009 година, Евреите ќе ја прослават нивната 5770 нова година, Кинезите 4707, Индусите 2066, а Муслиманите 1431 нова година.

DW.COM