1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Светот уште долго ќе се бори против СИДА

Деветнаесетата меѓународна конференција за СИДА заврши вчера вечерта во Вашингтон, но оптимизмот за напредок во наоѓањето лек беше ублажен, поради загриженоста за финансирањето на борбата против оваа болест.

„Кратењето на инвестирањата е погрешна економија, што во иднина ќе чини повеќе пари и животи“, изјави американската конгресменка од редовите на демократите Ненси Пелоси.

Меѓународното финансирање на изстражувања и третмани од ХИВ/СИДА се намалува поради глобалната економска криза и загриженоста за транспарентноста. Поранешниот американски претседател Бил Клинтон, кој зборуваше на завршната церемонија, повика на поефикасна употреба на расположливите фондови.

AIDS-Konferenz

Клинтон бара одлуките за финансирање на истражувањата да се засноваат на научни, а не на политички аргументи

„Некои меѓународни консултанти се плаќани со по 600 долари на ден, а три лица можат да се стават на годишен третман со истата сума на пари“, рече Бил Клинтон, кој има фондација, која се бори против СИДА-та, Тој побара поголема транспарентност во финансирањето на истражувањата и одлуките за парична помош да се засноваат на научни, а не политички аргументи.

Три правци кон лек

А, резултатите од истражувањата се охрабрувачки. На конференцијата беа презентирани научни напредоци во борбата со оваа болест, кои овозможуваат нова надеж за пронаоѓање лек, иако научниците одбиваа да го користат тој збор во своите презентации.

Така, една насока во истражувањата вклучува користење на скапа трансплантација на матични клетки на двајца пациенти, кои биле третирани од лимфом, вид на рак на крвта, објаснија Тимоти Хенрих и Даниел Курицкес од Харвардското медицинско училиште.

Timothy Ray Brown

Тимоти Браун, се излечил од СИДА по трансплантацијата во борбата со леукемијата

Овие пронајдоци беа поттикнати од искуството на Тимоти Браун, Американцец кој во Берлин прими матични клетки, за трансплантација во борбата со леукемија, од лице кое има ретка мутација која природно ги спречува инфекциите со ХИВ. Браун на почетокот од неделава се појави на конференцијата за да објави дека е излечен од ХИВ, благодарение на споредниот резултат во постапката, и изјави дека ќе создаде фонд за истражување на лек за болеста. Само еден процент од светката бела раса има ваков имунитет.

Втората линија во истражувањето покажува група од 14 пациенти во Франција третирани со недели за време на изложеност на ХИВ вирусот со антиретровирусна терапија, и тие имале мало или никакво ниво на ХИВ во нивниот организам шест години подоцна. Ваквите резултати ги презенираа претставници од Пастер институтот во Франција.

Третиот напредок е со „будењето“ од спиење на сокриените ХИВ клетки, за вирусот да може да биде откриен и убиен, соопшти тимот предводен од Дејвид Марголис од Универзитетот Северна Каролина.

Etikettierung Antiretroviral-Fabrik (Maputo, Mosambik)

Фабрика за производство на антиретровирусна терапија во Мозамбик

30 милиони починати од СИДА

Со сидата се погодени 34 милиони лица ширум светот. Епидемијата за 30 години однесе 30 милиони животи. Најголем дел од заразените лица се во субсахарска Африка.

20-тата Меѓународна конференција за СИДА ќе се одржи во Мелбурн, Австралија во 2014-та година. На вчера завршената конференција учествуваа 20.000 делегати од над 190 земји во светот, како и оклолу 2.000 новинари и активисти.