1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Светот незнае како да постапи со Иран

Изминатава недела, претседателот на Иран Махмуд Ахмадинеџад се изјасни дека неговата земја била во состојба да изврши идустриско производство на уран. Тоа не е забрането, но светот не верува во намерата на Иран само на мировно користење на атомска енергија, туку се сомнева дека Иран работи на производство на бомба. Ова и талентот на Ахмадинеџад за театрални настапи предизвикаа екстремно споритвставени ре

Махмуд Ахмадинеџад

Махмуд Ахмадинеџад

акции на неговите неодамнешни најави.

„Што има уште ново? “ би можело спонтано да се реагира, откако иранскиот претседател Махмуд Ахмадиниџад изминатиов викенд најави дека неговата земја сега била во ситуација индустриски да збогатува ураниум и дека припаѓа на клубот на атомски сили. Само: речиси никој да не реагираше така. Едните гледаат нова „провокација“ за западот и почнаа да шпекулираат кога би била готова првата иранска бомба. Воедно и почнаа да ја прифаќаат американската идеја за ракетен штит против можни ирански напади. Дргуите напротив реагираа со потсмев: Иран не бил толку далеку, а Ахмадинеџад повторно го докажал неговиот талентнт за театрален настап.

Коклу и да се различни и споротивстваени реакциите сепак тие докажуваат едно: дека светот не знае како може и треба да се однесува кон Иран. Дури и сериозните стручњаци кога станува збор за темата Иран потпаѓаат во небрежно обопштување, зборуваат за „персиска атомска бомба“ и се обидуваат да измерат колку Техеран овојпат и се приближил на целта.

Но наместо ова, трезвенсот и воздржаност повеќе би имале смисла: „Целта“ иранска атомска бомба досега постои само во главите на оние, на кои од секогаш им бил сомнителен режимот во Техеран и во него отелотворенотото спојување на исламот и политиката. Како инаку да се објасни тоа што Иран постојано тврди, дека атомските истражувања ги врши за мировни цели, дека веќе одамна припаѓа меѓу земјите потписници на договорот за неширењње на атомско оружеје, а сепак постои сомневање дека има лоши намери? И тоа што досега сеуште не е преземен ни најмалиот чекор државите во регионот кои не се постписници на договорот за неширење на атмоско оружје Израел, Индија и Пакистан да се доведат на „вистинскиот пат“?

Искривената ситуација станува уште појасна, ако се види дека сериозни кругови воопшто и не му префрлуваат на Иран збогатување ураниум, бидејќи тоа е дозволено според договорот за неширење на атомско оружје. Намесото ова на Иран му се префрлува тоа што не ги следи резолуциите на Советот за безнедност на ОН: Но кои го бараат токму тоа што всушност не смее да се бара од Иран: прекинување на напорите за збогатување ураниум.

Сепак и покрај сето ова сеуште има гласови, кои сега повикуваат на преговори со Техеран. Но ваквите преговори би биле безсмислени без противуслога, и неможе да се прифаи, владите кои притискаат на санкации да преговараат со Техеран. Дури тогаш кога западото ќе биде ортворен кон Иран без неоправадани предуслови постои шанса да се олабават односите. Се разбира и тогаш ќе треба да му се пренесат на Иран задршките против можно атмоско оружје, но мора да му се признае и она што на другите им е дозволено без прашање. Гаранција против иранска атомска бомба додуша тоа не е. Но поголема обострана доверба би била вреден придонес за опуштање на ситуацијата.