1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Светот на Шуто Оризари во Лајпциг

Во Градското биро во центарот на Лајпциг со триесеттина фотографии од изложбата “Мојот свет” се претставуваат деца Роми од скопската населба Шуто Оризари.

default

Слики од животот на децата Роми

На многу Германци и граѓани на Лајпциг добро им е познат оригиналниот и полн со егзотика живот на Ромите од Балканот. Посебно на оние од Македонија, чија популарност пред многу години ја лансираше театарот „Пралипе“. Токму поради тоа вниманието на бројната публика го привлече изложбата на колор фотографии на децата Роми од Шуто Оризари. Проектот именуван како “Мојот свет”, минатата година го спроведоа брачната двојка Петра Цагалј и Ѓулнер Сејди.

Проектот бил спроведен во населбата Шуто Оризари од каде до 1991 година живеел и Ѓулнер Сејди. Петнаесеттина деца од училиштето “Браќа Рамиз и Хамид” добиле фото-апарти за една употреба, со задача да го овековечат она што им е дел од животот и опкружувањето.

Roma in Albanien

Деца Роми кои чистат автомобили се честа слика во Македонија

Биле создадени повеќе од 350 фотографии кои го даваат личниот поглед на светот во кој живеат децата Роми:

“Некои деца ги сликале своите куќи или како живеат. Други сликале делови од Скопје. Трети го фотографирале училиштето, дворот, животните услови, семејството. Една од темите беше и сликање на инструментите на кои свират. Така едно дете ја сликало виолината и сите ноти кои до сега ги има свирено” кажува Сејди за темите кои го сочинуваат светот на ромските деца.

Лајпциг и Ромите

Зошто, пак, изложбата е токму во Лајпциг? Има ли градот допирни точки со Скопје? Има ли и тука Роми?

“Во Лајпциг има многу малку Роми, но затоа има Циганолошки институт. Студентите кои во летото 2008 беа во Македонија пишуваат книга и секој во еден дел ќе го пренесе своето искуство”, вели Ѓулнер Сејди.

Инаку, ниту едно од децата од Скопје не беше на отворањето на изложбата во Лајпциг. Но, фотографиите и коментарите на авторите ја греат душата, зашто покажуваат колку многу децата и младите Роми се идентификуваат со својата средина, Скопје и Македонија.