1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

„Светот на гости кај пријатели“

Денеска во 21 часот се игра првиот полуфинален натпревар меѓу Германија и Италија, тоа значи дека стадионите но и така наречените Паблик Вјуинг, јавните места со големи видео бимови ќе бидат преполни и ќе се навива, а тоа е уште еден доказ дека ова Светско првенство предизвикува добро расположение кај сите.

default

Малата сендивчара на Хојмаркт во Келн за време на Светското првенство во фудбал стана канцеларија на министерството за надворешни работи на Германија. Имено во изминативе триесетина дена на тоа место од утро до мрак се склопуваа меѓународни пријателства со гостите од целиот свет. Но како, кога сите зборуваат различен јазик? „Па, да имаме раце и нозе. Оној другиот ќе покаже што сака, па покажувам јас на тоа, па покажуваме на друго нешто, па на трето нешто и се е прекрасно.“

Забавата со јазикот на знаците е убава промена за продавчката, а и странските гости се во предност, бидејќи се љубезни порциите им се полни до врв. „ Да тоа сигурно“

Ако некому му треба совет пак, цело време на располагање се волонтерите кои доброволно им помагаат на гостите. Одлична пригода за интересни средби. Матијас раскажува за такво искуство со двајца пензионери „Едниот беше од Конго, другиот од Бразил, и речиси цел час си зборував со нив. Сакаа да одат до пошта, па да купат билети за воз за да стигнат на натпревар во Франкфурт, а планираа да одат и во Минхен, згора на се едвај одеа, но беа одлично расположени. Тоа ми остави многу силен впечаток.“

И во хотелите соработниците имаа невообичаени доживувања деновиве – во Дортмунд на пример со гостите од Тринидат и Тобаго „Ги симнаа нивните навивачки производи и им ги делеа на гостите, на пример маички. И нашите келнери се шетаат по хотелот со маици на Тринидад и Тобаго. Им ги подарија.“

Странските гости ги забавуваат Германците,а некои од нив се впупштаат и во авантурата па заедно се забавуваат со луѓето од целиот свет.

И радио репортерката Силке Бекер имаше посебни доживувања вршеќи ја својата работа

„Швајцарците, кога тие беа овдека, од седум часот наутро се шетаа со звонците околу вратот низ град. Но мислам дека Бразилиците беа најдобри. Цел Дортмунд одеднаш се претвори во самба и реге, и тоа траеше со часови.“

Можеби на крајот од едно или друго пријателство ќе излезе и некоја ангедота, особено тогаш кога се разменуваат адреси

„Разговараме а потоа и не покануваат на гости. Тоа е убаво веќе имам покана за Мексико. Луѓето едноставно се отворени.“