1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Светот загрижен за нуклеарната безбедност

Во главниот град на Јужна Кореја, Сеул денеска и утре се одржува самит за нуклеарна безбедност на кој ќе учествуваат повеќе од 50 шефови на држави или влади. Централна тема на средбата е заштитата од тероризам

default

Залихите од плутониум за цивилни и воени цели во светот се проценуваат на преку 200 тони. Количина која теоретски е доволна да се произведат десетици илјади атомски бомби. Во атомската индустрија годишно во светот се произведуваат натамошни 4.000 килограми високо збогатен ураниум, и покрај тоа што се намалува користењето на радиоактивните супстанци за цивилни цели.

Во некои држави овие супстанци практично лежат наоколу и не се доволно обезбедени. Материјалот е распореден во многу земји. Терористички групи како Ал Каеда повеќепати до сега се обиделе да обезбедат нуклеарен материјал. Анете Шапер од Хесенската фондација за мир и истражување на конфликти подвлекува:

„Проблемот е што секоја земја реагира различно на овие закани. Потребни се мерки за физичка заштита на нуклеарните супстанци, како огради, полициско обзбедување. Исто така итно се неоходни и биланси, колку материјал се поседува, така што евентуално оттуѓување би можело веднаш да се забележи“.

Обама ја наметнува тема

Barack Obama / USA / Seoul / Südkorea / US-Präsident

Барак Обама

За предводник на меѓународните напори во оваа област се смета американскиот претседател Барак Обама, кој уште на почетокот на својот мандат ја наметна темата за обезбедување на нуклеарниот материјал во светот. Во САД по нападите од 11 септември, постои голема загриженост од можноста од евентуален терористички напад со нуклеарни супстанци.

Обама беше тој кој во април 2010 година ги повика шефовите на држави или влади на самит за нуклеарна безбедност во Вашингтон. Таму сите земји учеснички доброволно се обврзаа за воведување засилени контролни мерки.

„Најголемиот успех во процесот поттикнат од претседателот Обама се состои во тоа што шефовите на држави и влади сега очигледно редовно ќе се среќаваат со што вниманието за опасностите од нуклеарниот тероризам е подигнатно на друго ниво“, вели експертот за вооружување Оливер Тренерт од Германскиот институт за меѓународна политика и безбедност.

Меѓутоа контролите во земји како Индија и Пакистан се некомплетни и тоа мора итно да се реформира, предупредува експертот Шапер. Северна Кореја исто така е земја која ја загрижува меѓународната заедница. Земјата, според сопствени наводи располага со повеќе атомски бомби, а во 2003 година истапи од договорот за неширење на атомско оружје.

Nordkorea Atomkraftwerk Yongbyon

Севернокорејската нуклеарка Јонгбјон

Северна Кореја и Иран бојкотираат

Оддржувањето на актуелниот самит во главниот град на Јужна Кореја има и за цел да изврши притисок врз северот на полуостровот, конечно повторно да го воведе меѓународниот режим на контрола. Режимот на Северна Кореја меѓутоа настапува тврдоглаво и покрај мораториумот од минатиот месец за збогатувањето на ураниумот и нема да учествува на самитот во Сеул. Исто како и Иран. И оваа земја ја загрижува меѓународната заедница поради збогатувањето ураниум.

Напредок во процесот на уништување на плутониум, од кој може да се произведе оружје се забележува кај големите нуклеарни сили, САД и Русија. Двете земји имено склучија договор за уништување по 34 тони плутониум, од кој може да се произведе оружје. Процесот треба да почне во 2018 година.