1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Светот е сега побезбеден?!

Шефовите на држави и влади на 47 земји учеснички на Самитот во Вашингтон постигнаа согласнот да ги направат првите чекори против шверцот на атомско оружје и нуклеарниот тероризам.

default

Последен пат кога толку многу шефови на држави и влади одговорија на поканата на еден американски претседател беше пред 65 години. Тогаш претседателот се викаше Френклин Рузвелт и беа основани Обединетите нации. Сега шефот во Белата куќа се вика Барак Обама и не сака ништо помалку, туку да ја организира борбата против нуклераниот тероризам во светот и притоа да победи:

„Единствени сме во мислењето колку е актуелна и сериозна оваа закана,“ рече американскиот претседател на крајот на Конференцијата за нуклеарна безбедност.

„Немаме илузии дека ќе биде лесно“

Претставниците од 47 земји учеснички на самитот ја потпишаа заедничката декларација. Главна цел: во рок од наредните четири години целокупниот нуклеарен материјал така да се складира, што во никој случај не би можел да падне во рацете на терористите.

Nuklear Gipfel Konferenz Atom Obama Merkel

Ангела Меркел и Барак Обама

„Ова е амбициозна цел и не си правиме илузии дека ќе биде лесно, но ургентноста на заканата и катастрофалните последици дури и од само еден нуклеарен терористички напад, бараат да се пружат овие напори. Тоа е цел, што можеме да ја постигнеме“ , рече Обама.

Тоа што претседателот на една маса ги седна земјите кои во моментов немаат добри билатерални односи како Пакистан и Индија, или, пак, толку различни земји како Русија, Бразил ,Кина или Израел, е поен за него на меѓународната политичка бина.

Nuklear Gipfel Konferenz Atom Obama

Барак Обама признава дека целта е амбициозна

Германската канцеларка Ангела Меркел, која исто така учествуваше на самитот, имаше пофални зборови: „Самитот за нуклеарна безбеност е многу успешна почетна манифестација на патот, кој со сигурност уште долго ќе трае. “

Голем број земји дадоа конкретни ветувања

Критичарите, сепак, забележуваат дека потписите на шефовите на држави и влади немаат голема тежина, бидејќи спогодбата е доброволна, а не обврзувачка. Обама изнесе контра аргумент и наброи кои држави на самитот во Вашингтон дојдоа со конкретни предлози. Украина, Мексико и Канада најавија дека нивните нуклеарни арсенали ќе ги пренесат во САД или Русија. Рускиот претседател Медведев најави дека во неговата земја ќе

3 Dossierbild Nuklear Konferenz in Washington

затвори фабрика, во која се произведува плутониум за атомско оружје. Вкупно од 47 земји учеснички, 30 дадоа конкретни ветувања, информираше Белата куќа.

Иран е коска в грло

Помалку розово изгледа кај темата, која не беше на дневен ред, но за која сите зборуваа: санкциите против Иран и неговата атомска програма. Обама речиси ги придоби Русите, но со Кина се’ уште преговара: „Овие преговори можат да бидат тешки, но притискам колку што можам.“

Кина, иако сигнализраше одредена првична подготвеност за преговори за санкции, истовремено ја повтори и стандардната реченица дека проблемот со Иран би требало да биде решен по пат на преговори.

Автор: Ана Енгелке / Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска