1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Светот е поконфузно и поопасно место

Катастрофата предизвикана од ураганот Катрина , можеби ја засени четвртата годишнина од терористичките напади врз САД на 11 септември 2001-ва . Но без сомнеж трагедијата што се случи на тој ден остави голема трага врз светот во кој живееме.

default

Петер Филип коментира

По 11 септември , ништо нема да биде исто како порано . Ова можеби звучи како клише четири години по страшниот ден во 2001-ва година . Но секако , денес како и тогаш сеуште е вистина дека многу нешта се променија , по грозоморните убиства во Њујорк и Вашингтон , кои светот ги следеше на телевизиските екрани.

11 септември , ако ги оставиме настрана сите патетики на американскиот претседател Џорџ Буш- ги соочија САД со грубата реалност од која дотогаш во голема мерка беа поштедени.

Значи , тероризмот не беше измислен на 11 сптември 2001-ва година . Ладнокрвното убиство на недолжни многу преттоа стана инструмент за пробивање на ганатичните политички идеи во некои делови од светот.

Но никогаш претходно една погодена нација не ја постави „војна против тероризмот“ како официјален приоритет и во тој контекст зборува за глобална војна ,како некој впрочем да може да се бори против тероризмот со конвенционални методи.

Тенковите , бомбите ракетите не се ефикасни мерки против фанатичните притаени борци , иако оовие оружја успеаја да ги спречат терористите од Ал каеда многу поцврсто да се етаблираат во јавноста . Тие терористи повторно беа принудени да дејствуваат притаено , некои од нив се во бекство , но сеуште не се победени.

Од другастрана САД си дозволија да бидат вовлечени во војна која може само да ја изгубат. Тоа е однапред изгубена битка затоа што Америка во процесот на справувањето со тероризмот ги погодува и недолжните.Истотака несвесно им оди од рака на клишеата за неодговорна суперсила , што пак е одлично оружје во рацете на демагозите. Но би било сосема погрешно само САД да се обвинат за се, бидејќи ниту во Европа нема причина за задоволство.

Шпанците и Британците тоа веќе го сфатија по големите терористички напади во нивните земји. Останатите европски земји , дури и ако не се учесници во американските воени авантури , би можеле да се соочат со слични напади. Тоа е така затоа што и Европејците како своја цел ја поставија демократизацијата на тоталитарните системи ширум светот.

Но со тоа се ризикува судир со некои кои веруваат дека демократијата е злобно дело на Западот.

Првичните обиди за ширење на демократијата – како на пример во Палестина , Ирак , Либан и сега во Египет се охрабрувачки но тие засега се многу мали за да се зборува за целосна промена на системот .

Четири години по нападите врз Светскиот Трговски Центар , светот е поинакво место . Но сепак не постои причина за задоволстви , бидејќи тој не стана подобро место . Напротив стана поконфузно , поконтрадикторно па дури и поопасно место за живеење.