1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Светот е вљубен во тангото

Порано презирано, тангото веќе три години е дел од светското културно наследство заштитено од УНЕСКО. Неодамна во татковината на танцот, Буенос Аирес се одржа светска танго-средба.

Две недели аргентинскиот главен град Буенос Аирес му оддаваше почит на танцот кој е негов препознатлив белег. Повеќе од 2.000 музичари и танчери се движеа во три-четвртинскиот такт на Светскиот танго фестивал

Една игра на близина и дистанца, на копнеж и посветеност. Се’ уште луѓето од целиот свет сакаат да се движат во тој ритам. Буенос Аирес е горд на својот танц.

„Ние сме многу среќни поради силата на овој танц. Од кога УНЕСКО го прогласи тангото за светско културно наследство тоа културно подлабоко се вкорени во Буенос Аирес и во светот.“, вели Херман Ломбарди, министер за култура на Буенос Аирес.
Емигранти од сите култури на крајот на 19. век, во проблематичните квартови во градот имале свој удел во танцот и музиката. Одамна сите се движат по овие звуци и им се воодушевуваат на најдобрите во нивната област.