1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Светла и темна страна

При посетата на претседателот на Авганистан, Хамид Карзаи на Берлин, канцеларката Ангела Меркел подвлече дека Германија уште посилно ќе се ангажира во обуката на полицијата и војската во Авганистан.

default

Хамид Карзаи и Ангела Меркел во Берлин

И покрај тешкотиите, германската канцеларка Ангела Меркел во досегашната работа гледа и успеси. Германија позасилено ќе се ангажира во Авганистан, рече Меркел по средбата со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во Берлин. Засилен ангажман е најавен пред се‘ во обуката на полицијата и армијата: „Мислам дека не смее да се превиди, дека во последните месеци и години постигнавме значителен напредок. Имено, во Кабул и околината, безбедносните сили на Авганистан носат значаен дел од одговорноста. Се разбира дека се’ уште е присутен ИСАФ во заднина, но тоа е ситуација која пред десет години воопшто не можевме да си ја претставиме.“

Треба да се изоди долг пат

Сепак, досега само десет проценти од полицијата на Авганистан има добиено соодветна обука. Канцеларката не сака да ја разубавува ситуацијата, но претстои уште долг пат кој треба да се совлада, порача Меркел. Има уште многу дефицити во обновата на Авганистан, но истовремено може да се укаже и на успесите: „Во Авганистан има светла и темна страна. Постигнати се успеси кои се за почит и кои и покрај сите тешкотии не смееме да ги заборавиме. Кон ова се вројуваат шест милиони деца кои одат на училиште, меѓу нив голем број девојчиња. Во тоа самата се уверив, кога го посетив северот на земјата.“

Меркел изрази задоволство и поради ветувањето од страна на авганистанскиот претседател Карзаи, дека ќе биде променет спорниот закон за брак за шиитското малцинство во земјата. Со овој закон жените се

Symbolbild Bundeswehr Afghanistan

Бундесверот во Авганистан врши добра работа

обврзуваат да имаат редовни сексуалнои односи со својот сопруг. Предлозите за промена на законот веќе се во парламентот, увери Карзаи, кој истовремено и‘ се заблагодари на канцеларката за нејзината поддршка: „Ви носам поздрави и благодарност на авганистанскиот народ за се’ што стори Германија во изминатите седум години во Авганистан, од обуката на полицијата и армијата на Авганистан, преку обновата и развојот, се’ до поддршката за здравствена заштита, за образованието и управата. Ви благодарам што сте присутни во земјата со вашите војници и парите на даночните обврзници, за да ги подобрите шансите за иднината на авганистанскиот народ.“

Претседателот на Авганистан ја пофали и акцијата на германските безбедносни сили, при која беше упасен високо по ранг лице осомничено за тероризам. Канцеларката Меркел и претседателот Карзаи изразија и загриженост околу драматичната ситуација во Пакистан, каде што борбите меѓу Талибанците и владините трупи предизвикаа масовно бегство на луѓето од долината Сват.


Автор: Бетина Маркс / Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM