1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сведоците го товарат Писториус: Женски врисоци и истрели

Параолимпиецот Оскар Писториус, обвинет за убиство на својата девојка, на вториот ден од сослушувањето во Преторија е силно оптоварен со најнови докази, кои упатуваaт на целно, а не ненамерно убиство.

Оскар Писториус, според изјавите на Хилтон Бота, раководителот на истражната полиција, не ја убил ненамерно својата девојка Рива Стенкамп, туку со целосна намера. Поранешниот модел Рева, минатиот четврток беше пронајдена убиена со четири истрели во бањата. Бота својот исказ го поткрепи со најновите сознанија од истрагата, според кои, девојката не била убиена со истрелани куршуми низ затворената врата, како што тврди Писториус. Рева Стенкамп била погодена во главата, лактот и колкот, а на нејзиното тело се најдени траги на насилство. Првите денови по убиството, кое предизвика внимание низ цел свет, беше соопштено дека била пронајдена крвава безбол палка. Черепот на Рева Стенкамп бил скршен.

Сведок во ноќта на убиството чул гласни препирки и женски врисоци од куќата на Оскар Писториус, како и истрели.

„Имаме изјава на сведок кој по истрелите истрчал на терасата и во куќата на Писториус видел запалено светло, чул врисоци, а потоа натамошни истрели“, рече Бота пред судот.

Тој го потврди и најновиот наод на полицијата-во куќата на Писториус се најдени две кутии со тестостерон и шприцеви, на што се спротистави адвокатот на Писториус, тврдејќи дека се работи за растителен медикамент.  Кај параолимпиецот бил пронајден и пиштол со калибар 38, за кој тој немал дозвола.

Оскар Писториус порекнува смислено убиство и останува на верзијата дека својата девојка ја убил мислејќи дека во куќата влегол провалник. За барањето да биде пуштен на слобода со кауција, расправата денеска беше прекината и ќе продолжи утре.