1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Саaрланд избира покраински парламент

Граѓаните на германската покраина Саарланд денеска се повикани да го изберат новиот состав на покраинскиот парламент. Вонредните избори се одржуваат откако пропадна покраинската влада на ЦДУ, ФДП и Зелените.

Во германската покраина Саарланд денеска (25.03) се одржуваат покраински парламентарни избори. Околу 800.000 граѓани се повикани да го дадат својот глас. Се очекува тесна битка меѓу владејачката ЦДУ, под водство на досегашниот премиер Анегрет Крамп Каренбауер, и опозиционите социјлдемократи, под водство на Хајко Мас. Двете партии во текот на изборната кампања најавија дека имаат намера да формираат голема коалиција (од Христијанско демокртската унија (ЦДУ) и Социјалдемократската партија (СПД)).

Wappen Bundesland Saarland

Ова се предвремени покраински парламентарни избори, кои се одржуваат поради тоа што досегашниот премиер Анегрет Kрамп Каренбауер во јануари ја прогласи досегашната покраинска владина коалција од ЦДУ, ФДП и Партијата на Зелените за неуспешна.

Според анкетите, либералите најверојатно нема да го освојат минимумот од 5 проценти и нема да бидат застапени во новиот состав на покраинскиот парламент во Саарбрикен. Исто така, неизвесно е дали партијата на Зелените ќе го освои потребниот минимум за влез во парламентот. Трета политичка сила во Саарланд се очекува да биде Партијата на Левицата, со кандидатот Оскар Лафонтен.