1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

„Сајбер“ светот на средба во Бразил

Компјутерски фанатици и фанови на најнеобични технички пронајдоци од целиот свет во моментов се собрани во Сао Паоло. Таму се оддржува т.н „Кампус парти“, компјутерски саем од посебен вид.

default

Седум денови, 24 часови на ден тие се онлајн. 7.000 компјутерски и интернет фанови допатуваа на „Кампус парти“ за да разменат мислења и искуства за најновите трендови во „Сајбер“ светот. На крајот на неделата треба да биде награден најнеобичниот компјутер.

Flash-Galerie Gamescom Köln 2009

„ ’Кампус парти’ е уникатен саем зашто тука се презентираат иновации во повеќе области: бесплатен софтвер, роботика, социјални медиуми и видео игри“, гордо вели Даниела Коста, коорганизаторка на „Кампус парти“.

Особено барани меѓу видеоигрите се симулациите, кај кои играчите на сопствена кожа ги доживуваат виртуелните случувања. Наредна станица на саемот „Кампус парти“ е ни помалку ниту повеќе седиштето на Хај Тек индустријата во американската Силиконска долина.

Автор: Бригита Мол/Симе Недевски

Редактор: Б. Георгиевски