1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Сајбер-мобингот станува се’ почест

Феноменот на сајбер-мобинг во Германија е се’ почесто застапен. Само во покраината Северна Рајна Вестфалија со закани преку интернет е соочен секој трет младинец.

Cyber-Mobbing kann jeden treffen: Attacken sollten gespeichert werden, um sie gegenüber Erwachsenen belegen zu können.

Александер има 12 години. Тој со недели не одеше на училиште затоа што му е страв. Заканите доаѓале од еден сооученик. Александер раскажува дека се’ почнало со една неважна порака што ја испратил преку социјалната интернет - мрежа за контакти меѓу учениците Schüler VZ. Пораката имено ја испратил на погрешна адреса, а примателот ја протолкувал погрешно и ја сфатил сериозно.

„Потоа тој ми напиша дека ќе се чудам што ќе ми се случи на училиште. Јас му напишав дека пораката била наменета за некого друг и се извинив за грешката, но тој не сакаше да го прифати моето извинување. Брзо се тргнав од компјутерот, бидејќи ме фати страв дека може уште нешто да ми напише!“

Александер сосема слабо го познава испраќачот на заканите, кои зачестиле. Тој во училишниот двор го одбегнува контактот со момчето што го малтертира со пораки. Но, кога физичката близина сепак не може да се одбегне, момчето знае во минување да му се закани и директно. А кога ќе се врати дома, на компјутерот го чека веќе следната, уште пострашна закана:

Was ist Cyber-Mobbing?

„Да, тогаш ми напиша: утре ќе те претепам, така што ќе завршиш во болница, а таму и ќе умреш!“

Родителите најчесто не знаат ништо

Мајката на Александер во тоа време уште не знаела ништо за проблемите и маките на синот. Но, затоа набрзо забележала промени во неговото однесување. Одеднаш и без видлива причина тој почнал да одбегнува да оди на училиште, од ден на ден симулирал некакви болести:

„Секој ден имавме конфликт околу тоа. Таков воопшто не го познавав. Постојано се жалеше дека го боли стомакот, дека го боли главата, дека има мачнина, нагони за повраќање, па дури и дека повраќал. Во секој случај не сакаше да оди на училиште. Почнав да се сомневам дека има некоја писмена работа за која не е подготвен или нешто во таа насока“, раскажува мајката на Александер.

Анонимни напаѓачи

Педагогот Кармен Тренц, која подолго време се занимава со феноменот на сајбер-мобинг, вели дека мобингот не се случува само во светската компјутерска мрежа. Статистиката покажува дека дури 80% од сите жртви на мобинг се соочени со закани и притисоци како на интернет, така и во реалниот живот.

Symboldbild zu Multimedia-Kids. Bild: somenski Fotolia #20650495

Сторителите не се кријат секогаш зад анонимноста на интернетот. Но, токму мобингот преку компјутерската мрежа може да има уште посериозни последици по жртвите:

„Затоа што нема повеќе заштитена зона. Порано кога некој беше на мета на мобинг на училиште на пример, можеше да се засолни дома и да се чувствува сигурен барем во тој дел од денот. Но, преку интернет заканите пристигаат и во приватната атмосфера на жртвите, што е многу пострашно“, порачува педагогот Кармен Тренц.

Освен тоа мобингот преку интернет носи и сосема нова динамика. Порано притисоците и заканите почнуваа во мал обем и дури со тек на време знаеја да се интензивираат и да добијат сериозни размери - и тоа не во сите случаи. Денеска интернетот овозможува во мобинг кампањата против некое дете да се вклучат многу брзо и други и тоа така што ќе можат да се скријат зад анонимноста на копмјутерската мрежа.

Лекарите не откриле ништо

Мајката на Александер меѓутоа долго време не знае ништо за причините на чудното однесување на синот. Таа го води и на лекар загрижена за неговото здравје, но лекарите не можеа да пронајдат никакви функционални промени. Симптомите кај Александер меѓутоа и понатаму се влошуваат.

„Престана да јаде и навечер дома. Остануваше буден и многу вознемирен и до три четири часот по полноќ, се движеше низ станот како тигар во кафез, не можеше да заспие. Освен тоа беше видливо дека се труди постојано да најде симптоми на некаква болест што ќе го оправда неодењето на училиште.

Keywords anonym autor beleichtung benutzen benutzer bildschirm computer dark druck dunkel dunkeln hack hacker hacking haende hand hände keyboard laptop licht mann männer männlich netbook notebook schreiben tastatur tasten tastendruck technik text texter user vertexten write Land Deutschland URL http://de.fotolia.com/id/21517883

На крајот знаеше на утро да плаче, само и само да не оди на училиште“, раскажува мајката и продолжува.

„Јас го прашував дали има некој проблем, дали нешто го мачи. Но, тој постојано негираше дека има нешто такво. Се’ до 10 мај, кога на пладне отидов да го соберам од училиште и го најдов како седи облеан во солзи. Тој плачеше силно и ме обвинуваше дека сум дошла предоцна. Притоа стигнав само две минути подоцна од договореното време. И тогаш ми се довери. Претходниот ден и’ се доверил и на учителката.“

Шокантна исповед

Мајката никогаш не ни помислила на такво нешто и била тотално шокирана од исповедта на синот. Токму долгото премолчување на вистинскиот проблем е еден од клучните симптоми кај жртвите на мобинг, појаснува експертот Кармен Тренц.

„Делумно затоа што не веруваат дека кој и да е може воопшто да им помогне, тоа е еден од најчестите аргументи за долгото премолчување на проблемот. А освен тоа голема улога игра и фактот што децата и младите се срамат што токму ним им се случува такво нешто и сметаат дека зборувањето за тоа само ќе го влоши проблемот.“

Никој не е поштеден

Оние кои не биле погодени од сајбер-мобинг можат тешко да си замислат низ какви се’ маки минуваат жртвите. Притоа најстрашни се душевните страдања.

Deutschland_Blogger Bildtitel: Bloggerin Bildbeschreibung: Frau (tunesische Immigrantin in Deutschland) sitzt vor dem Computer und sieht sich Video von Revolution in Tunesien an Schlagwörter: Deutschland, Tunesien, Revolution, Frauenrechte, Blog, Bloggerin, Internet Autor: DW Eigenproduktion

Експертот Кармен Тренц посочува уште дека истражувањата на овој феномен покажале оти жртви на сајбер-мобинг не се само оние послабите и маргиналците, имено децата кои не се вклопуваат добро во средината:

„Поголем број научници дојдоа до заклучок дека не постои прототип на жртва, туку тоа може да го снајде секого. Кај сајбер-мобингот станува збор за групна динамика, која е поврзана со вредностите што владеат во некоја социјална група, а не за тоа колку е некој силен и полн со самодоверба.“

Групна динамика

Во социјалното исклучување на некоја единка имено свесно или несвесно се вклучени повеќемина членови на групата. Затоа Тренц на родителите им препорачува да не се конфронтираат со сторителите или пак со нивните родители, туку: „Веднаш да стапат во контакт со училиштето и секако да му кажат на сопственото дете дека ја има нивната поддршка и дека сметаат оти тоа што се случува со него не е прифатливо и затоа ќе сторат нешто. Значи, едноставно мирно и без паника на детето треба да му се каже: такво нешто нема да дозволам и сега ќе преземеме нешто против тоа“, препорачува експертот за сајбер-мобинг, Кармен Тренц.

Автор: Арне Лихтенберг/ Горан Чутаноски

Редактор: Александра Трајковска