1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сајбер-војна: Хакери наместо војници на фронтот

Без бомби и тенкови, само компјутер и интернет: Војниците на 21 век ќе седат во климатизирани канцеларии, но сѐ уште ќе можат да ги натераат земјите да паднат на колена.

Валкана, смрдлива вода тече од чешмата, никој не знае зошто. Нема струја и тешко е да се добие информација што се случува. Се случуваат сообраќајни несреќи низ градот бидејќи семафорите не работат. Се зборува за проблем и во нуклеарната централа.

Така би можела да изгледа една сајбер-војна - голем напад на компјутерски управуваната структура на градот, напад без бомби, далечинско управувања со мрежата од војници на кои не им требаат тенкови, рачни бомби или непробоен елек, само силни компјутери, програмерски способности и интернет врска.

„Несоодветна заштита“

Strom

Доводот на струја исто така може да биде цел на сајбер нападите

„За среќа живееме во мирно време и нема потреба да се плашиме од такви напади“, вели Сандро Гајкен, експерт за компјутерска заштита на Слободниот Универзитет во Берлин. Но ако се промени геополитичката состојба, Германија ќе биде несоодветно заштитена: „Особено критичната инфраструктура во Германија има лоши безбедносни стандарди во многу области. Ако некој нѐ нападне со методите на сајбер-војна, многу брзо ќе бидеме беспомошни.“

Сајбер напади има секој ден, на разни места по светот - помали напади кон владината структура, воените капацитети и компаниите. Никогаш не се дознава кој стои зад многубројните напади; понекогаш вистината се појавува после неколку месеци или години. Често се хакерите тие кои уживаат да бараат слаби точки и се обидуваат да видат до кога можат истите да се користат за да се направи штета. Понекогаш и власта е таа што планира сајбер-напади.

Вирусот Стакснет

Еден од најпознатите случаи годиниве беше вирусот Стакснет, за кој се верува дека предизвикал центрифугите во нуклеарната централа во иранскиот град Натан, да излезат надвор од контрола. Според информациите кои се достапни досега, вирусот управувал со фреквенцијата со која центрифугите вртат додека го збогатуваат ураниумот, и со тоа ги направил бескорисни. Според „Њујорк Тајмс“, вирусот бил развиен од тајната американска агенција НСА и израелски агенти.

FBI nimmt 16 US-Hacker fest - Weitere Festnahmen in Europa

Со помош на силни компјутери, програмерски способности и интернет врска хакерите можат да ја контролираат компјутерската мрежа на земјите

Британскиот дневен весник „Гардијан“ пред неколку недели објави дека американскиот претседател Обама нарачал список на сите можни цели на сајбер напади на американските установи надвор од земјата. Весникот го објави меморандумот, кој беше означен како „строго доверливо“ на нивната веб страница.

НАТО издаде директиви

Но кога таквите напади може да бидат сметани како војна? Како државите може да се одбранат од такви напади? Прирачникот од Талин за Меѓународно право применливо за сајбер војување беше објавен во март од Кооперативниот одбранбен сајбер центар во Талин, Естонија. Прирачникот содржи 95 правила според кои НАТО државите можат да се ориентираат во однос на сајбер-војна, иако препораките не се правно обврзувачки.

Iranische Atomanlage

Вирусот Стакснет управувал со фреквенцијата на центрифугите во нуклеарната централа во Натан, Иран

Германскиот експерт по меѓународно право Волф Хајнчел фон Хајнег од Европскиот Универзитет во Франкфурт работеше за прирачникот. Тој за Дојче Веле, објаснува како сајбер-војните се гледани од правна смисла. „Нема разлика дали значителна штета е направена од испукани куршуми или од сајбер напад.“

Подмолна закана

И покрај тоа, не е легитимно да се одговори на секој сајбер напад како да е вооружен напад што би ја оправдал реакцијата со правото на самоодбрана. „Треба штетата што е направена да биде особено сериозна“, вели фон Хајнег. Ако е така, тогаш жртвата може да одговори со традиционално оружје како бомби.

ИТ експертот Гајкен не верува дека би дошло до такво сценарио. Тој ги гледа сајбер нападите како подмолна закана: „Може да се саботираат специфики на клучните индустрии, за да, на пример, автомобилите или авионите, треба да бидат вратени назад и брендот ќе ја изгуби довербата на пазарот.“

Поврзано со индустриското шпионирање, ќе биде можно да се предизвика и сериозна штета на економијата на земјата и, долгорочно, да се доведе близу до колапс.