Сашо Мијалков | Теми | DW | 16.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Сашо Мијалков

Сашо Мијалков, роден на 15 септември 1965 година, е поранешен директор на Управата за безбедност и контразузнавање (УБК) и висок партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ.

Мијалков беше именуван на директорската функција во УБК по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ во 2006 година. Тој е син на поранешниот министер за внатрешни работи Јордан Мијалков и братучед на експремиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Поднесе оставка од УБК во мај 2015 година неколку дена по крвавите инциденти во Куманово во кои загинаа 8 припадници на македонските безбедносни сили.