1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

“Сахаров“ за Милинкевич

Добитник на годинешната награда “Сахаров“ за човекови права на Европскиот парламент е лидерот на опозицијата во Белорусија, Александар Милинкевич.

Андреј Сахаров

Андреј Сахаров

Признанието на 59 годишниот политичар ќе му биде врачено за неговиот ненасилен отпор против тоталитарната власт во Белорусија. ЕУ со наградата ја подржала политиката на моралот во неговата земја - истакна Милинкевич за Дојче Веле. Истовремено, тој најави дека паричниот фонд на наградата од 50 илјади евра ќе го употреби за подршка на опозициските групи во земјата . Наградата за човекови права на Европскиот парламент е наречена по советскиот дисидент и освојувач на нобеловата награда за мир, Андреј Сахаров.