1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Саудијците сакаат да купат 800 германски тенкови

Германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ јавува дека Саудијска Арабија очигледно има намера да купи од Германија повеќе тенкови отколку што досега беше познато. И првичната можна зделка наиде на критики во јавноста

Саудијска Арабија е заинтересирана да купување меѓу 600 и 800 германски тенкови од типот „Леопард 2“, објавува денеска весникот „Билд ам Зонтаг“ повикувајќи се на извори во германската влада. Досега стануваше збор за продажба на само околу 300 германски тенкови во арапското кралство.

Во германската влада постои силно противење за ваквата зделка. Од канцеларијата на германската канцеларка и од министерството за надворешни работи веќе се најавува откажувањена можната продажба. Во министерството за економија, од друга страна, ваквата зделка има приврзaници.

Продажбата на тенкови на Саудијска Арабија е спорна во германската јавност. Критичарите наведуваат дека земјата не е демократска и ги крши човековите права. Освен тоа, Саудиска Арабија минатата година помогна воено за задушување на продемократските протести во Бахреин.